Дека хуморот има биолошка основа, говорат и фактите од невролошките истражувања каде што се покажало дека постојат специјализирани мозочни центри кои се активираат за време на смеењето и создавањето на хуморот (Martin, 2007). Истражувањата спроведени од страна на приматолозите и еволуциските психолози говорат дека хуморот е продукт на природната селекција, кој свое потекло има во социјалната физичка игра кај приматите, а со развојот на интелектуалните и лингвистичките способности кај луѓето, физичката игра преминала во ментална игра со зборови и идеи, која сега ја нарекуваме хумор и којашто има многу важна социо-емоционална функција којашто придонела за одржување и развој на нашиот вид (Martin, 2007).
Хуморот е сфатен како адаптивна емоционалнa стратегија за справување со стресните настани (како одбрамбен механизам). Ова е најблиску до нашето дефинирање на позитивната компонента на хуморот за којашто сметаме дека е онаа компонента од вкупниот хумор којашто е најрелевантна за човековиот психолошки имун систем. Разликуваме неколку видови на хумор и тоа:
Афилијативен хумор – Тенденција да се кажуваат шеги и спонтани духовити забелешки со цел да се забавуваат другите луѓе, да се подобрат врските и да се намали интерперсоналната напнатост. Овој вид на хумор не е агресивен и има за цел да ја зајакне цврстината и кохезијата на врските и групите (Martin, 2007).
Себе-унапредувачки хумор – Тенденција да се има хумористичен поглед кон животот кога единката не е во присуство на други, зачуденост и импресионираност од неконгруентностите на животот и користење на хуморот за справување со стресните ситуации (најблиску до користењето на хуморот како одбранбен механизам) (Martin, 2007).
Агресивен хумор – Тенденција на личноста да го користи хуморот со цел да го подобри сопственото доживување, без притоа да води сметка за добросостојбата на другите. Индивидуата ги исмејува другите, ги понижува, прави невкусни шеги на туѓа сметка, со цел таа/тој да се чувствува подобро или пак со цел да ги контролира другите (Martin, 2007).
Себе-уназадувачки хумор – Тенденција на личноста да го користи хуморот во вид на правење или кажување шеги на своја сметка, со примарна цел да добие внимание и одобрување од другите на сметка на сопственото себе-почитување или пак смеење заедно со другите кога личноста е предмет на туѓ потсмев. Овде исто така спаѓа користењето на хуморот во вид на одбрамбено негирање на проблемите и избегнување на нивно конструктивно решавање (Martin, 2007).
Без разлика каков хумор практикувате вие или вашите пријатели , најбитно е да го практикувате што почесто бидејќи единствено хуморот е способен да ги зацврсти пријателствата и да не извлече од негативните и депресивни чувства преизвикани од секојдневните лоши информации, како и од самите проблеми што ги носи животот.
Почитувани пријатели моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk . Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и за поттикнување нови идеи и критичко размислување кај сите нас. Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме Ви однапред благодарни! |
{loadposition like_article} |