На едно предавање на Универзитетот во Кембриџ оваа недела, Стивен Хокинг храбро изјави дека вештачката интелигенција ќе биде „или најдоброто или најлошото нешто што некогаш му се случило на човештвото“.
Темата била одбележување на отворањето на новиот Центар за иднината на интелигенцијата „Leverhulme“, каде што некои од најдобрите умови во науката ќе се обидат да одговорат на прашањата за иднината на роботите и вештачката интелигенција.
„Ние трошиме многу време на проучување на историјата, која, ајде да се соочиме, во најголем дел е историја на глупост“– изјави Хокинг на предавањето.
„Па, и покрај целото наше време поминато гледајќи назад во грешките од минатото, се чини дека ги правиме истите грешки одново и одново. Значи, добредојдена е промената дека луѓето учат, наместо иднината на интелигенцијата“ – објаснува тој.
Ова не е прв пат Хокинг да ја изрази својата загриженост за вештачката интелигенција. Минатата година тој се приклучи на Илон Маск и стотици други експерти кои во отворено писмо бараа од владата да го забрани автономното оружје кое еден ден би можело да се сврти против луѓето. Тој , исто така и претходно има изјавено дека „развојот на целосна вештачка интелигенција може да значи крај за човековата раса“.
Сепак, доколку размислиме и се справиме со овие прашања сега, технологијата има потенцијал и за добри работи. Можеби ќе бидеме во можност да поправиме дел од штетата на природниот свет нанесен од последната индустријализација и да ги искорениме болестите и сиромаштијата.
Центарот за иднината на интелигенцијата „Leverhulme“ на Универзитетот во Кембриџ, каде Хокинг исто така е професор, доби повеќе од 12 милиони долари за истражувања кои ќе го подобрат потенцијалот на вештачката интелигенција, внимателно разгледувајќи ги и ризиците. Центарот конкретно ќе ги разгледува проблемите кои би можеле да произлезат од машини кои размислуваат и учат како луѓето.
Па, со „Google“ кој веќе развива вештачка интелигенција која може да учи од сопствената меморија; Илон Маск кој е загрижен дека луѓето ќе станат глупави „домашни миленици“ на вештачката интелигенција; како и компјутерските системи кои им парираат на четири-годишниците во тестовите за интелигенција, ова е нешто за што вреди да се размислува дури не е предоцна.
Како што вели Хокинг, ова може да е „пресудно за иднината на нашата цивилизација и нашиот вид“.