Што е поштетно за тинејџерите, марихуаната или алкохолот?

Тинеjџерите кои конзумираат марихуана може да имаат долготрајни последици – покажува канадското истражување.

Истражувањето следело 3826 ученици, почнувајќи од деца на тринаесет годишна возраст. Тимот ги проучувал децата четири години. Секоја година им поставувале прашања за употребата на канабис и алкохол при што користеле когнитивни тестови за да ја проценат мозочната функција на сите поединечно. Потоа споредувале како супстанците влијаат на резултатот.

Три четвртини од интервјуираните тинејџери признале дека повремено пијат алкохол. Само 28% од испитаниците употребувале марихуана. Последиците од земањето на марихуана биле поистакнати и подолго траеле, а се влошувале со зголемената употреба на канабис.

Употребата на марихуана влијае и на помнењето, контрола на инхибицијата и здравото расудување. Овие последици биле независни како последица од употребата на алкохол. Двете супстанци доведуваат до проблеми врзани за учењето, вниманието и донесувањето на одлуки.

Ефектите кои употребата на канабис се манифестираат на мозокот не се исти за сите и зависат од неколку фактори: возраста, зачестеноста на употребата, дозирањето и траењето. Претходните анализи укажуваат на тоа дека канабисот може да предизвика промени во активноста и структурата на мозокот, особено ако се користи во текот на годините на развој.

Студијата исто така ја истражувала и врската помеѓу употребата на канабис и менталните болести. Некои корелации се пронајдени во различни истражувања, но врската не е директна, бидејќи се вклучени многу фактори. Дури и за самата идеја, дека употребата на канабис го зголемува ризикот од психоза треба да се дискутира внимателно. Клучниот фактор кој треба да се земе во предвид е семејната историја на болести, генетска предиспозиција и детската можна злоупотреба.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.