Овие наоди, објавени во „Cell“, укажуваат дека последователното примање на неколку различни видови на потенцијална вакцина против ХИВ, би можело да поттикне посилен имунолошки одговор отколку кога би се примале сите тие заедно, како коктел од вакцини. Ова истражување, исто така, би помогнало при проучувањето на процесот на развој на имунолошки клетки.
„Нашата работа опишува како функционира процесот на развој на имунолошките клетки кога треба да се соочат со различни видови на вирусот, и зошто, обично при природна инфекција, не реагираат антителата кои би требало да не заштитат. Соодветно дизајнирана вакцинација би можела да се покаже ефикасна за создавањето на вакви антитела против вирусот“, објаснуваат научниците од Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ) и Институтот Рагон во Масачусетс.
Научниците, и покрај интезивните напори во последниве 30 години, се’ уште не создале ефективна вакцина против ХИВ вирусот, главно поради фактот што вирусот толку често мутира што едноставно го „измамува“ имунолошкиот систем на човекот.
Оваа нова вакцина (која се’ уште не е развиена) би ги содржела неколкуте видови на протеини на ХИВ (кои всушност го сочинуваат вирусот и често мутираат) со што при последователното примање би му помогнала на организмот да се „вооружи“, односно да создаде Б-клетки (Б-лимфоцити) , кои пак би создале антитела, против различните мутирани видови на вирусот. Научниците сметаат дека ова би било многу поефикасно отколку кога клетките би биле изложени на сите антигени од вирусот одеднаш.
Научниците го тестирале ова на глувци, меѓутоа бидејќи досега не се генерирани варијанти на протеинот на ХИВ (кој се состои од 3 поврзани протеини), тие употребиле 4 варијанти од едниот протеин на ХИВ.
Глувците кои ги примиле сите варијанти одеднаш, генерирале различни атитела кои одговориле само на некои од варијантите, за разлика од глувците кои биле вакцинирани последователно, при што антителата биле во можност да се „фокусираат“ и да реагираат на сите варијанти на протеинот, исто како што предвидел компјутерскиот модел на научниците.
Научниците не велат дека нивните истражувања не резултираат со создавање на целосно неутрализирачки антитела, туку само покажуваат дека може да се поттикне создавањето на антитела кои ќе реагираат на повеќе видови на една компонента од протеинот на ХИВ вирусот. Моментално работат на варијанти кои ќе реагираат на целиот протеин, со надеж дека ќе во иднина ќе создадат ефикасна вакцина.
Овој пристап би можел да биде корисен и за создавањето на вакцина против други вируси кои брзо мутираат, како на пр. грипот, истакнуваат научниците.
ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.