Студент разви за 50% поефикасен мотор од НАСА

Јонските дискови се погонски системи, кои во основа работат со фрлање на честички наназад, навистина, навистина брзо, со цел да го буткаат леталото напред. Актуелниот рекорд на НАСА во однос на ефикасноста на горивото е HiPEP системот со капацитет од 9.600 (+/- 200) секунди на специфичен импулс, што е прилично импресивно. Но новиот диск развиен од докторантот  Педи Нојман има постигнато до 14.690 (+/- 2.000), според податоците во студентскиот весник.

Резултатите допрва треба да бидат објавени во рецензирано списание, па тогаш би ги имале деталите. Нојман, меѓутоа, аплицираше за патент и ќе ги презентира своите резултати на 30 септември во 15-тата Австралиска конференција за вселенски истражувања.

Иновативноста за новиот погон е тоа што користи еден нов тип на гориво. HiPEP системот на НАСА работи на ксенон гас, но јонскиот погон на Нојман наместо тоа може да работи на голем број на метали, а најдобри резултати во моментов постигнува со користење на магнезиум.

Овие видови на метали се лесно достапни во вселенското „ѓубре“, што значи дека системот во целина ќе биде многу поефтин и еден ден би можел да биде поткрепен со користење на материјали собрани од старите сателити. Ако тоа се случи, ќе се заштеди на на прекумерната цена на картинг гориво во вселената.

Јонскиот погон на Нојман работи со притискање на изворот на гориво, во овој случај цврст магнезиум, со електрични празнења, што предизвикува распрскување на јоните. Тогаш овие јони се канализираат и создаваат магнетна млазница, што резултира со погон напред. Системот работи со континуиран ритам на кратко и лесно распрскување, штедејќи го изворот на гориво, но бара долгорочни мисии.

Но, додека системот на Нојман е супериорен кога станува збор за ефикасноста на горивото, не е толку добар кога станува збор за забрзување, што значи дека веројатно не би бил погоден за напојување на леталата кои треба да „слетаат“ на планета. Меѓутоа, лесно може да се комбинира со други погонски системи за транспорт на стока и патници на долги растојанија без да се запре и да земе гориво.

Нојман изјавил дека со мали модификации системот може да биде потенцијално напојување на вселенско летало до „Марс и назад со еден резервоар на гориво”.

Универзитетот одлучи да не го комерцијализира изумот и во моментов се во потрага по финансирање за понатамошно развивање на погонскиот систем. Се очекува „SpaceX“, „Virgin Galactic“ или НАСА да бидат заинтересирани.

Генијалноста на студентот би можела да доведе до создавање на уред кој еден ден би можел да помогне во транспортирањето на човештвото понатаму низ вселената. Дополнителни информации за јонскиот погон Нојман се очекуваат на крајот на месецот.

Поддржете ја нашата работа: