Студенти од Јужна Африка ги произведоа првите тули во светот направени од човечка урина.
Урината која е потребна да се направат овие единствени био-тули, студентите ја собирале со помош на специјално дизајниран писоар на факултетот. Потоа, ја мешале со песок и бактерии.
Смесата потоа ја ставале во посебни калапи на собна температура и повеќе не било потребно загревање. Нус производи од целата постапка се азот и калиум кои се многу вредни ѓубрива, па така тулата не е единствена добра работа која е излезена од писоарот.
„За да се направи нешто од материјали кои инаку би пропаднале или не би се искористиле како што треба трикот е во начинот на размислување“ вели д-р Дилон Рандал, супервизор на студентскиот проект на Универзитетот Кејптаун.
Идејата, да урината се употребува за изработка на био-тули е тестирана во САД. Единствено само што притоа биле користени синтетички суровини, па затоа велиме дека ова е прв пат во кој се употребува еколошка човечка урина.
Овие био-тули се изработени по природен процес, наречен таложење на микробни карбонати, кој е сличен на процесот на формирање на школките. Слободниот песок се колонизира со бактериите кои произведуваат уреаза, а потоа се меша со урината. Уреазата се крши во урината и создава калциум карбонат кој го стврднува песокот и му овозможува да се обликува.
И додека конвенционалните тули мораат да се загреваат на 1400 степени Целзиусови при што се ослободува голема количина на јаглерод диоксид, био-тулите не бараат дополнително загревање
Д-р. Рандал урината ја нарекува течно злато. Голем дел од фосфорот во урината може да се претвори во калциум фосфат, кој е главна состојка на добрите ѓубрива, а тежок да се набави.
Благодарение на ова истражување изгледа дека одржливата конструкција од вакви тули е возможна.