Супер брз интернет преку вашата ЛЕД светилка

Секогаш кога  користите „Wi-Fi“ (да напишете порака или да симнете нешто од интернет) податоците патуваат преку радио бранови. Проблемот е што овие бранови зафаќаат само мал дел од електромагнетниот спектар, со што се ограничуваат можностите на паметните телефони и другите уреди.

Ако радио брановите се претстават како една преполна коловозна лента, видливиот спектар би бил како широк отворен автопат. Решение за побрзо преземање на податоците е да се искористат предностите на поголемиот опсег преку употреба на ЛЕД светилките. Ако се модифицира со сигнален процесор, светилката функционира како полупроводник, вградувајќи ги дигиталните информации во рамките на видливиот спектар.

„Li-Fi“ (Light fidelity) ветува проток на податоците до безжичните уреди во форма на ЛЕД светлосни сигнали. Тие го менуваат интензитетот доволно брзо за да обезбедат пренос на податоците со супербрзина – еден милион циклуси во секунда, или еден мегахерц (без визуелниот ефект на трепкање).

Хeрaлд Хас, главен истражувач за мобилни комуникации при Универзитетот во Единбург, започнал да работи на „Li-Fi“ во почетокот на 2000-те години и успеал да достигне брзина од само околу 10 мегабити во секунда, доволно за пребарување на интернет, но не и за интензивен стриминг. Потоа, во 2013 година, тој успеал да ги подели податоците по фрекфенции зголемувајќи ја брзината на 100 гигабити во секунда, или околу 15 пати побрзо од најбрзиот „Wi-Fi“.

„Li-Fi“ е исто така и многу побезбеден. Светлината не може да патува низ ѕидови, така што не може ни сигналот. Голем недостаток е што светлото мора да биде вклучено за да може интернетот да работи. Но еден индиски стартап – Велмени, неодамна претстави ЛЕД  „Li-Fi“, кој може да се затемни и до едвај видливи 10 проценти од својата целосна моќ и пак да пренесува податоци.

Најголемо влијание оваа технологија би можела да има во регионите без постоечка интернет инфраструктура. Една улична ЛЕД светилка би мoжела да послужи како интернет „hotspot“ за домовите и селата во развој – потребен е само приемник за внесување на податоците во светлосните сигнали.

Статијата е оригинално објавена во изданието јули/август 2016  на „Popular Science“.

Поддржете ја нашата работа: