Телефоните на иднината ќе детектираат рак на кожа како дерматолози

Компјутерските експерти од Стенфорд креирале база на податоци од 130 илјади слики од кожни заболувања и „истренирале“ еден посебно направен алгоритам да препознае(потенцијален) рак на кожата. Веќе при првото тестирање, добиени се импресивни резултати.

Овој труд, кој беше објавен во списанието „Nature“ на 21-ви јануари, го поминал тестот со повеќе од 20 дерматолози. Алгоритмот  со успешност на човечко ниво ги препознава лезиите кои ги претставуваат најчестите и најсмртоносни форми на рак.

Кај ракот на кожата прв и основен чекор за дијагноза е визуелниот преглед. Дерматолзите генерално вршат идентификација дали некоја промена е канцерогена преку визуелниот преглед. Ако резултатот е сомнителен,следи биопсија.

Со воведување на овој  алгоритам во компјутерите  не само што би  се намалиле  трошоците за првиот преглед, туку и би се спасиле огромен број на животи, благодарение на раното откривање.

Како основа на алгортмот од Стенфорд му служи постоечкото решение на „Google“, кое е „тренирано“ да препознае 1,28 милиони слики од илјадници категории. Првично е направен да распознава само мачки и кучиња, но на Стенфорд го „научиле“ како да препознае малигно заболување и да го разликува од безопасните промени на кожата. Дополнителна предност во користењето на овој алгоритам претставува и фактот дека може да се врши фино подесување за чувствителност во голем број на додатни параметри.

За дијагнозата што ја изведуваат на Стенфорд потребен е компјутер, но истиот тим веќе планира да направи мобилна апликација која на корисниците ќе им овозможи да се дијагностицираат од дома и во секое време.

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.