TEMA – Што утврдија истражувањата во ’60-ттите и ’70-ттите за постоење на нафта во Македонија?

“Плодородното Овче Поле, еден од житородните региони, е на добар пат во блиска иднина да прерасне во прво нафтоносно поле во Македонија…“, со овие редови изданието на весникот Нова Македонија од 5 февруари 1969 година ја извести јавноста за првичните резултати од истражувањата за појави на нафта, што тие години се вршеле на територијата на Република Македонија.

Во периодот од крајот на педесеттите години на минатиот век до крајот на шеесеттите години, тогашната југословенска влада одобрила делови од Македонија да влезат во програмата за нафтени истражувања финансирана од сојузниот буџет.

Во таа програма влегле истражните работи во Тиквешијата, во Скопско Поле и во Овчеполието и тоа на повеќе локации, зашто првичните снимања покажале дека теренот на тој простор најмногу одговора за потенцијални нафтени наоѓалишта.

„Истражувањата во ’60-тите, ’70-тите години во минатиот век ги вршел главно „Нафта гас“ од  Нови Сад, а дел од некои истражувања вршел „Индустропроект“ од Загреб. Меѓутоа, главните истражни работи се завршени од „Нафтагас“ од Нови Сад и сите потребни резултати од истражувањата се наоѓаат во архивите на „Нафтагас“ во Нови Сад“, вели  Проф. Д-р Орце Спасовски, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип.

Дупчалките на оваа компанија, во атарот на селото Ерџелија, работеле на две места.

Првично најбрзи охрабрувачки резултати имало при истражните работи во атарот на пробиштипското село Плешинци. Таму речиси на површината на земјата биле откриени нафтени шкрилци што месното население, при недостиг од дрва, ги користело и сè уште ги користи за огрев.

Најголемата еу­фо­ри­ја на­ста­на­ла по дуп­че­ње­то кај селото Ер­џе­ли­ја, Светиникол­ско, кога при еден таков зафат, на 2 фе­вру­а­ри 1969 го­ди­на се случила силна ерупција што на површината из­ва­ди­ла на­фта и гас на по­вр­ши­на­та.

„Интересен податок кој заслужува внимание – некаде на 344 метри до 569 метри, се констатирани ерупции на гасови. Ерупциите на гасови по анализи покажале содржини на метан и содржини на азот. Некаде 28,9 проценти е метан, а 71,1 процент е азот. Присуството на метан може да укаже на постоење на изворна карпа, додека присуството на азотот најверојатно може да биде последица на јаглен или јагленови материјали во еоценските седименти во Овчеполскиот седиментен басен“, додава проф. Спасовски.

Ве­ста сил­но ги про­трес­ла штип­ски­от и све­ти­ни­кол­ски­от по­ли­тич­ки врв и на­се­ле­ни­е­то. Рас­по­ло­же­ни­е­то поч­на­ло да пре­ми­ну­ва во оптимистична ко­ле­ктив­на хи­сте­ри­ја.

Тоа го воз­бу­ди­ло и највисокиот по­ли­тич­ки естаб­лиш­мент во Бел­град. По­ра­ди тоа, ду­ри и Ла­зар Ко­ли­шев­ски, кој во тоа вре­ме бил член на претседателството на Цен­трал­ни­от ко­ми­тет на Со­ју­зот на ко­му­ни­сти на Југос­ла­ви­ја до­шол да направи увид во работите и да им да­де ин­струк­ции на ло­кал­ни­те по­ли­ти­ча­ри и на пар­ти­ските де­ле­га­ти.

Ко­ли­шев­ски го при­дру­жу­ва­ле ви­со­ки др­жав­ни и еко­ном­ски прет­став­ни­ци што по­твр­ду­ва де­ка на­ста­нот од 2 фе­вру­а­ри сил­но ги раз­бра­ну­вал си­те структу­ри во то­гаш­на­та фе­де­ра­ци­ја.

Но, по са­мо не­кол­ку ме­се­ци ра­бо­та, речиси и ненајавено, трагачите по нафта си ја спакувале опремата и за­ми­на­ле. Поради ниската цена на нафтата на светскиот пазар во тој период од само околу 10-20 долари за барел, веројатно немало голем мотив за продолжување со истражувањата.

Кога цената на нафтата станала 10 пати поскапа и уривала рекорди, а техниката за утврдување на лежишта на нафта станала значително напредната, поглавјето за истражувањето за евентуално постоење на лежишта на нафта во Македонија повторно почнало да се актуелизира.

Дополнително, значителните откритија на резерви на нафта и природен гас во соседните земји дозволуваат да се размислува дека дел од тие лежишта би можело да се протегаат и во делови од Македонија.

Во Албанија неодамна повеќе странски компании открија огромни резерви на нафта долж брегот на Јадранското море од близу милијарда барели, а заедно со останатите лежишта, вкупните резерви се проценуваат на речиси 1,5 милијарди барели нафта.

Србија пак, прави планови за извлекување околу 400 милиони тони нафтени шкрилци од својата територија во близина на Алексинац, што може да резултира со близу милион тони нафта.

Претходно во оваа држава веќе се потврдени резерви од околу 80 милиони барели нафта во Панонскиот басен, а речиси исто толкави резерви има и во Хрватска.

Во Бугарија пак, на повеќе локации, главно северно од Софија, се откриени големи резерви на природен гас од близу 30 милијарди метри кубни. Во Романија, заедно со последните откритија е потврдено дека има најголеми резерви на нафта и природен гас на Балканот, многу повеќе дури и од Албанија.

Сите дупнатини направени од компанијата „Нафтагас“ биле пломбирани и сè уште стојат негибнати, како сведоштво за една надеж која бргу се појавила и уште побргу заминала во историјата.

Истражувачките тимови со себе ги однесле и земјените јадра од дупнатините, кои се единствен доказ за составот на слоевите.

„Тие имаат век на траење, стојат доста години. Доколку би ги имале ние можно е да се вршат накнадни испитувања, но тие јадра моментално ги немаме затоа што во тоа време ги бушел „Нафтагас“ и „Нафтагас“ бил сопственик на тие резултати и на тие проби и веројатно многу години помминале за да би се чувале уште“, вели Новица Столиќ, советник за геофизика во Геолошкиот завод на Македонија.

Во оваа сторија ќе разгледаме ка­кви истра­жу­ва­ња биле пра­ве­ни и ка­ко за­вр­ши­ле, а со помош на нашите соговорници ќе се обидеме да да­деме од­го­вор на ос­нов­но­то пра­ша­ње – дали во Македонија би можело да има нафта, ма­кар и те­о­рет­ски.

„Правени се сеизмички истражувања 66-та ’67-ма година, значи 1966-1967 година и врз база на извршените сеизмички истражувања лоцирани се четири подрачја или локалитети во вардарската зона по однос на дупчење за откривање на постоење на можности за откривање на јаглеводороди. Првата дупнатина која е лоцирана е во близина на Неготино, во северниот денжл на Тиквешкиот басен, почната е 1967 година, завршена 1968 година со вкупна длабочина од околу 2703 метри. Втора дупнатина која што е лоцирана е дупнатината каде што сега се наоѓаме, таа е започната први месец 1967 година, а завршена е некаде во февруари 1970 година, со вкупна длабочина од 1910 метри. Лоцирана е во источниот дел на Овчеполскиот седиментен басен, североисточно од село Ерџелија околу два километри…… Третата дупнатина која што е лоцирана, таа е лоцирана југозападно од централното подрачје на Свети Николе, на од прилика два и пол километри, истата е дупчена 1289 метри и четврта дупнатина…, оваа во Свети Николе е дупчена 1978 година и последна дупнатина , која што е дупчена во Овчеполскиот седиментен басен, тоа е северно од Велес, на околу шест километри и во крајните западни делови на Овчеполскиот басен и некаде со длабочина 1029 метри“, вели проф. Д-р Орце Спасовски, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип.

Првичните проценки на некои компании и домашни експерти одат од една во друга крајност: од тоа дека воопшто нема нафта, па до тоа дека резервите се значителни.

„Постојат извештаи, постојат елаборати кои постојат во „Нафтагас“ кои што даваат комплетна претстава за истражните работи кои што се вршени во периодот од ’65-та до ’70-та ’71-ва година, извештаите се направени ’71-ва-’72-ра година. И во таквите извештаи како нивен заклучок или резиме, може да се каже дека не ја исклучуваат можноста за постоење на јаглеводороди на просторите на Република Македонија и даваат некоја насока за понатамошни истражувања. Нивните тогашни согледувања имаат намера да се продолжи со истражувањата, да се направат длабоки сеизмички испитувања, од прилика до 5-6 километри и дупчења, 8-10 дупнатини кои би поминале минимум 20 километри“, додава проф. Спасовски.

Со други зборови, вистинската состојба може да се сознае само со детални истражувања и дупчења кои се доста скапи и неизвесни. Според експертите што ги консултиравме, извештаите на „Нафтагас“ се недоречени и во нив постојат дупки што треба да се пополнат. Единствено така, велат инженерите, би можело да се потврди или да се негира постоење на нафтени резерви.

„Доколку може да разговараме по однос на перспективата за присуство или отсуство на јагленоводородите во овие испитувани басени можеме да го кажеме следното, недостатокот од јасни информации по однос на постоење и квалитет на изворна карпа во испитуваните седиментни формации на басените во вардарската зона, значи Овчеполски и тиквешки басен, преспективноста на јаглеводородите не може да се процени на објективен начин туку се потребни понатамошни геолошки истражувања“, додава проф. Спасовски.

Теоријата оди во прилог на тоа дека локациите одбрани од тогашните југословенски геолози не биле случајно посочени, односно раководителите на проектот ги имале во предвид сите геолошки информации за теренот.

„Јагленоводородите се создаваат, според теориите и досегашните искуства што ги има човештвото, преку 90 проценти во седиментни карпи. Треба да има седиментни карпи за да има предуслови за создавање на нафта. За да се создаде нафтата треба да постојат неколку услови. Значи, старост на карпите, водени средини, водени басени, седиментација и пространство. Неслучајно нашите колеги, кои имаат лоцирано овде бушотини, неслучајно ги одбрале овие точки“, објаснува Маринко Ефтимов, дипломиран инженер за нафтено рударство.

Со други зборови, мо­же­ме да ве­ру­ва­ме де­ка во Ма­ке­до­ни­ја, барем теоретски би можело да има појави на на­фта.

Во таа насока на размислување нѐ водат научните истражувања кои потврдуваат дека во Ма­ке­до­ни­ја во да­леч­но­то ми­на­то, пред ми­ли­о­ни го­ди­ни, има­ло го­ле­ми мо­ри­ња и езе­ра, ка­ко што било Пе­ла­го­ни­ското мо­ре.

До­ка­жа­но е де­ка на­фта­та на­ста­ну­ва ка­ко пос­ле­ди­ца на изу­ми­ра­ње на жи­ви­от свет во мо­ри­ња­та. Од друга страна, из­во­ри на на­фта и на гас ве­ќе се откри­е­ни и се експлоатираат на Бал­ка­нот, ка­ко во Ср­би­ја, Ро­ма­ни­ја, Бу­га­ри­ја и во Ал­ба­ни­ја.

Вла­да­та на Република Македонија уште во 2009 го­ди­на ан­га­жи­ра­ше кон­сул­тант­ска­ фир­ма од Романија за да утвр­ди да­ли во­оп­што вре­ди да се ба­ра на­фта во Ма­ке­до­ни­ја.

То­гаш, роман­ски­те екс­пер­ти пред­ло­жи­ле да се на­пра­ват две тест-дуп­че­ња, во ти­кве­шки­от и во ов­че­пол­ски­от ре­ги­он, на ло­ка­ции кои прет­ход­но со сериозни ге­о­фи­зич­ки ис­пи­ту­ва­ња ќе се оз­на­чат ка­ко нај­по­год­ни за мож­ни нао­ѓа­ли­шта на на­фта.

Се дошло до констатација де­ка единствено со екс­пе­ри­мен­тал­ни дуп­че­ња ќе мо­же да се раз­бие ди­ле­ма­та да­ли во Ма­ке­до­ни­ја има на­фта, би­деј­ќи до­ку­мен­та­ци­ја­та што да­ти­ра од 70-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век не им би­ла до­вол­на.

„Тие истражувања се од многу стар датум. Почнувајќи од средината на минатиот век има поминато повеќе од 50 до 70 години. Тие истражувања, кои се вршени во тоа време тогаш биле во ред, сега постојат нови техники, нови согледувања, нови опреми. Конкретно, за геофизички истражувања тогаш се правени само 2-Д геофизички истражувања. Сега тоа е надминато, постојат многу комплексни техники и методологии, се применува 3-Д сеизмичко испитување и нормално, поголема е точноста“, вели Новица Столиќ, советник за геофизика во Геолошкиот завод на Македонија.

Дека се потребни дополнителни истражувања за да се дојде до конечен одговор – дали во Македонија има лежишта на нафта, во една своја изјава нагласи и поранешниот директор на геолошкиот завод на Македонија.

„Како директор на геолошкиот завод прво сакам да кажам дека геолошкиот завод е надлежно тело во државата за сите геолошки податоци и геолошка документација така што се радуваме доколку некоја компанија пројави интерес за некои дополнителни истражувања. Од прилика веќе сте запознаени дека во тоа време на тоа ниво, согласно тие резултати нема некој потенцијал, перспектива, но станува збор за сѐ уште недоволно истражени простори по длабина и по површина. Не само Овчеполски и Тиквешки басен туку и останатите басени во Република Македонија, што значи со драга волја би прифатиле да соработуваме во она што е во наша надлежност доколку има заинтересирани компании и еднаш за секогаш да се растргне таа дилема дали  Македонија навистина располага со некои такви потенцијални наоѓалишта или не располага. Бидејќи сведок сум оти во минатото кружеа повеќе информации има – нема, такви се условите – вакви се условите, но тоа може да се покаже само со некои поконкретни геофизички испитувања и длабоки дупчења каде што тоа е единствен начин со што може тоа да се потврди“, рече Коста Јованов, екс-директор на Геолошки завод.

Македонските теренски експерти оценуваат дека дел од старите дупнатини се добро конзервирани, надевајќи се дека при евентуална потреба тие би можеле да послужат за дополнителни истражувања на теренот.

Познавачите веќе направиле и прелиминарен план колку средства би биле потребнио за да се изврши еден таков зафат кој би можел да ги изнесе на виделина информациите од длабочините под земјата.

„2009 година, додека работев во министерство, во тоа време финансиравме изработка на една анализа на дотогашните истражувања и од прилика да се дадат некои проекции за поконкретни истражувања, сѐ со цел да потврдиме дали вреди да се истражува или не вреди. За Овчеполски и за Тиквешки басен беше понудено да се направи длабока сеизмика, геофизика, поконкретно, со кое би се потврдило дали има смисла за евентуално дупчење и две подлабоки дупнатини. Една прогноза беше некаде околу 21 милион, не ме држете за збор дали беа евра или долари, но и едното и другото кажува дека тоа се скапи истражувања. Тоа е само за по една бушотина во еден басен и геофизички мерења, а со една бушотина не се утврдува ниту едно лежиште за ниту еден вид на минерална суровина, ниту кај нас, ниту во светот“, рече  поранешниот директор на Геолошкиот завод.

По оваа математика се наметнува прашањето дали за Македонија е многу посигурно, поисплатливо и поеколошки да вложува во истражување и користење на сончевата енергија, која докажано ја има во големи количини и од која би се добивала топлотна или електрична енергија.

Како едно кратко резиме, на самиот крај би можеле да кажеме дека со оглед на морфологијата на теренот, геолошката градба  и геотектонската структура на тлото на посочените региони во Македонија, не би можело да се исклучи постоење на одредени лежишта на нафта на поголема длабочина.

Експертите се согласни дека цр­но­то зла­то но­си мно­гу па­ри, но за да се истражи неговото евентуално постоење потребни се и мно­гу вло­жу­ва­ња.

П.Б.

Поддржете ја нашата работа: