Темната страна на Месечината

Месечината е гравитациски  поврзана со Земјата што значи дека секогаш ни ја покажува истата страна додека прави целосна обиколка за околу еден месец. Значи, од вселенските летала може да се види само едната страна од Месечината.

Ова не е првиот поглед на далечната страна на Месечината- (првите снимки биле направени од Советската сонда „Луна 3“ во 1959), но изгледа навистина спектакуларно.

Серијата снимки биле направени на 16 јули, во периодот помеѓу 3.50 и 8.45 часот попладне, според Источниот часовен појас, со камерата „EPIC“ (Earth Polychromatic Imaging Camera) што се наоѓа на опсерваторијата „DSCOVR“. Таа е дизајнирана да ја гледа Земјата од далечина и да ја набљудува атмосферата.

На почетокот на анимацијата може да се види Северна Америка, а на крајот од анимацијата се наѕира Австралија.

Ако погледнете внимателно, на десната страна од Месечината ќе забележите чудна зелена трага. Тоа е затоа што сликите во боја се комбинација од црвени, зелени и сини слики што се снимаат на секои 30 секунди. Месечината се движи нешто поспоро од периодот помеѓу сликите, па затоа тие не се совршено подредени што создава појава на дополнителна зелена боја.

Сликите се направени како дел од тестирањата што се прават за да се утврди дали леталото функционира како што се очекува, но во НАСА велат дека „DSCOVR“ би требало да ја снима Месечината како поминува околу Земјата два пати годишно.

И ако се прашувате зошто темната страна на Месечината не е темна, тоа е затоа што како што ротира Месечината, секоја од страните е осветлена од Сонцето секои две недели, така што не постои постојано темна страна од Месечината.


НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,951.75 ден.приближно по тековен курс · 07.11.2026 16:36

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.