Топењето на мразот ќе предизвика вулкански ерупции

Кетлин Комптон од Универзитетот во Аризона, заедно со нејзиниот тим, анализирала податоци од GPS ресивери прикачени на карпите во Исланд уште од 1995 година.  Податоците покажуваат дека оние области каде што се топат 5 од најголемите глечери во земјата, веќе се поткреваат за околу 3,5 см. годишно. На сите други места стапката на поткревање била пониска.

Научниците сметаат дека со топењето на мразот се ослободува притисокот на карпите под мразот, овозможувајќи им да се поткренат. За време на последното големо топење на мразот пред 12 000 години, вулканската активност во Исланд се зголемила за 50%, па научниците стравуваат дека повторно може да се случи истото.

Едно друго истражување од Џон Краули и неговиот тим, на Универзитетот во Оксфорд, покажува поврзаност помеѓу климата и вулканските ерупции. Тие откриле дека огромните ерупции во Јужниот Океан соодветствувале со сантите мраз на земјата, односно кога голем дел од водата „се заробила“ во форма на мраз на површината на земјата, притисокот на дното на океанот доволно се намалил за да може магмата да „излезе“ од земјата.

Па, се чини дека создавањето на мраз може да предизвика ерупции во водата, а топењето на мразот на копното. Како и да е, и двете истражувања покажуваат дека прераспределбата на водата, како резултат на климатските промени, може да предизвика вулкански ерупции.

„Се случило на крајот на последното Ледено Доба, се случува и сега“, велат научниците.

ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt