Трансплантација на матката како решение за неоплодноста

На 26-ти февруари, тим на хирурзи од Клиниката во Кливленд извршија трансплантација на матка на 26-годишна жена, што претставуваше првата трансплантација на матка во САД, но за жал, неколку дена подоцна мораше да биде остранета поради компликации.

Ајде да ја разгледаме процедурата чекор по чекор, за да разбереме зошто оваа операција е толку важна во историјата на медицината и колкав е нејзиниот потенцијал да го смени животот на неплодните жени од целиот свет.

Матката е орган кој се наоѓа во долниот дел на стомакот и е дизајниран за да расте, да го штити и негува фетусот. Тоа е еден од главните делови на женскиот репродуктивен систем и е поврзан со јајцеводите, грлото на матката и вагината.

Screen Shot 2016-02-26 at 9.19.20 AMКај жените во репродуктивна возраст, јајниците ослободуваат јајце-клетка отприлика на секои 30 дена. Јајце-клетките патуваат низ јајцеводите во матката. Доколку јајце-клетката не се оплоди, тогаш преку вагината ќе се отсрани ѕидот на матката, притоа ослободувајќи ја јајце-клетката, како и ткиво и крв од обвивката на матката. Овој процес е познат како менструација.

Доколку јајце-клетката се оплоди од страна на сперматозоид, ќе се поврзе со ѕидот на матката каде што ќе се развие во фетус. Матката го штити и негува фетусот во текот на целата бременост.

Кај технологиите за вештачко оплодување, како што е ин витро, докторите имплантираат оплодена јајце-клетка во матката на жената. Но, сепак, постојат жени кај кои поради неплодност, лузни на матката или едноставно отсуство на органот, не можат да се применат овие технологии за вештачко оплодување. Затоа, уште од 1970-тите години, научниците ја разгледуваат можноста за трансплантирање на функционална матка во телата на жени кои (поради несреќа или болест) немаат доволно здрава матка за да носат деца.

Конечно, оваа визија станува реалност.

За да се спроведе трансплантацијата, потребно е здрава донирана матка од жив или неодамна починат донатор кој има иста крвна група како примателот.  Возраста на донаторот не е важна.

Отстранувањето на матката од жив донатор е посложено и може да трае до 11 часа, поради потенцијалниот ризик за компликации.

По трансплантацијата, за која се потребни околу 5 часа,  матката нема да се поврзе за јајцеводите, поради што нема да биде возможно природно зачнување, туку ќе треба да се направи ин витро вештачко оплодување. За таа цел, пред операцијата, треба да се соберат јајце-клетките на примателот и да се оплодат и замрзнат во лабораторија. Покрај тоа, во рамките на подготовките за операцијата, примателот мора да прима лекови за да не дојде до отфрлање на органот.

Откако пациентот ќе заздрави, после една година, докторите ќе се обидат да ги имплантираат оплодените јајце-клетки во матката. Доколку оплодувањето е успешно (како што најчесто е), детето ќе мора да се породи со царски рез бидејќи научниците сметаат дека трансплантираната матка нема да биде доволно силна за да издржи природно породување.

Органот е наменет само за привремена употреба, односно се отстранува откако жената ќе се породи. Но, сепак, резултатите од операцијата траат цел живот и токму поради тоа трансплантацијата на матката има огромно значење, како за жените, така и за историјата на медицината.

Поддржете ја нашата работа: