Со годините, учењето на нови работи ни оди сѐ потешко и ни одзема повеќе време.
Но, совладувањето на нов материјал, неависно дали сѐ уште се школувате или не, не мора да биде многу напорно.
Познатиот физичар и добитник на Нобеловата награда Ричард Фајнман открива формула од три чекори кои ќе ви помогнат не само побрзо, туку и многу потемелно да совладате некој нов материјал.
Како што пишува „Medium“, Фајнман ја објаснил разликата помеѓу тоа што значи да „знаеш нешто“ и „да знаеш како тоа се вика“.
Што значи тоа? Како што објаснил Фејман во едно интервју – некој може да ви покаже кафеава птица, да ви каже која е таа птица и како ја викаат Германците и Кинезите. Вие може да ги паметите овие факти цел живот, а сепак да не знаете ништо конкретно за таа птица – каде живее, како се сели, каков глас испушта.
Ова е еден прост пример за она што го нагласува Фајнман, но се применува и на многу посложени теми.
Темелното разбирање на некоја нова тема е од суштинско значење, дури и кога сакате само да положите некој испит, бидејќи никогаш не може да знаете за точно кој дел од темата ќе ве испитуваат.
Еве како ќе „научите да учите“ како вистински генијалец со помош на техниката на Фајнман.
Чекор 1: Учете како дете
Земете бележник, напишете го насловот на темата што сакате да ја научите и објаснете ја од почеток до крај, како да му ја објаснувате на некое дете.
Што е клучниот фактор тука – кога вашето објаснување го пишувате за осумгодишно дете, не можете да се криете зад комлицираниот жаргон, којшто фактички не го разбирате.
„Кога опишувате некоја идеја од почеток до крај со едноставен речник што може да го разбере и дете, ќе се натерате себеси да го разберете концептот на посуштинско ниво и ќе ги поедноставите врските помеѓу идеите. Ако се мачите со ова, ќе имате јасна претстава каде ви се празнините.
Чекор 2: Разгледајте ги празнините во знаењето
Откако сте откриле каде ви се празнините во знаењето, можете да ги учите тие одредени делови, да ги најдете одговорите и да го повторите првиот чекор. Повторувајте го ова сѐ додека веќе нема да имате празнини во наученото.
Чекор 3: Организирајте и поедноставете
Сега веќе би требало да можете целосно да го објасните новиот материјал на едноставен начин што ќе биде разбирлив и за дете.
Обидете се уште малку да го обработите и поедноставите и прочитајте го напишаното на глас.Тоа ќе ви помогне да откриете каде не сте доволно сигурни.
Чекор 4: (незадолжително) Обидете се да го направите ова со човек
Може ова навистина да се обидете да му го објасните на осумгодишно дете, но бидејќи е веројатно дека нема да има доволно трпение, подобро да се обидете со некој пријател.
Ако нешто не му е јасно, а вие не можете тоа да му го објасните – тогаш имате уште една празнина во знаењето.
Ова е целата техника за учење на Фајнман.
Ништо не се учи набрзина, но ако учите правилно, гарантирано подлабоко ќе го разберете материјалот што се обидувате да го научите и знаењето нема брзо да „испари“ откако ќе го положите испитот.
Погледнете како функционира техниката во видеото подолу.