Три изненадувачки начини за подобрување на комуникацијата кај децата со аутизам

Еден од првите знаци дека едно дете може да има нарушување познато под името аутизам (ASD) е потешкотија во комуницирањето бидејќи овие вештини се развиваат различно и побавно кај децата со оваа болест.

Проблемите во комуникацијата генерално продолжуваат и во текот на животот, а причината останува нејасна. Дури и децата со Аспергеров синдром кои имаат широк речник, може да имаат проблеми со социјалната комуникација. Во моментов, 1 од 68 деца во САД имаат аутизам, според организацијата „Autism Speaks“.

Наведуваме листа на изненадувачки начини кои потенцијално би можеле да ги подобрат комуникациските вештини кај децата:

1. Домашно милениче

Едно неодамнешно истражување покажува дека какво било домашно милениче ќе ги подобри социјалните вештини кај дете со аутизам.

„Откривањето дека децата со аутизам се многу повеќе силно поврзани со помалите кучиња, и известувањата од родителите за силното поврзување помеѓу нивните деца и други миленичиња, како што се зајчињата и мачињата, служи како доказ дека и другите видови на миленичиња исто така може да бидат од корист за децата со аутизам“ – изјавува д-р Гречен Карлајл од Истражувачкиот центар за интеракција помеѓу луѓето и животните на Универзитетот во Мисури за ветеринарна медицина.

Друго истражување покажало дека децата со аутизам кои имаат милениче после 5-тата година имале поголема тенденција кон споделување како и поголема удобност кон другите во споредба со другите деца со ова нарушување. Меѓу овие домашни миленици се вбројуваат кучиња, мачиња и хрчак.

main-zurijeta-shutterstock_58652809

2. Драмите на Шекспир

Едно неодамнешно истражување од Државниот универзитет на Охајо покажало дека рецитирањето на ритмичкиот јазик на Шекспир во комбинација со физички гестови ја подобрува социјалната и комуникациската вештина кај децата со аутизам.

„На крајот на едно истражување кое ја вклучуваше драмата на Шекспир „Бура“, децата покажаа значително подобрување во нивните социјални вештини и нивната способност да се вклучат во општествени односи“ – изјавува Марк Џ.Тасе, професор по психологија и психијатрија.

3. Потешко ќебе

Друга терапија за справување со аутизмот е потешко ќебе, кое се нарекува и терапија со длабок допир. Терапијата се покажала како смирувачка за децата, па тоа може да доведе до подобра комуникација.

Клучот за оваа стимулација е тежината на ќебето, кое овозможува притисок, сличен на оној кој се применува при прегратка или пак галење на на животните, кој исто така им помага на децата со аутизам да заспијат.

 

Поддржете ја нашата работа: