Поминаа 30 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил, која предизвика огромни штети во Украина и околината. Но, локалните жители сѐ уште се справуваат со последиците, со оглед на тоа дека територијата од 2.600 квадратни километри околу нуклеарната централа не е погодна за живот и за користење од страна на луѓето. (повеќе на енаука.мк)
Во тоа време, оштетениот реактор бил затворен со огромна бетонска купола, но неодамнешните стравувања дека повторно има протекување на радиоактивен материјал, како и дека конструкцијата би можела наскоро да се сруши, ја наметнаа потребата од изградба на уште поголем метален „саркофаг“ за заштита.
Овој колосален штит од радијација е широк 275 метри и висок 108 метри, а неговата изградба чини 1,6 милијарди долари.
Бидејќи до местото на катастрофалната хаварија – реакторот број четири, сѐ уште е премногу опасно да се пристапи, штитот морало да биде изграден во близина, а потоа полека да се придвижува до местото.
Целата конструкција тежи неверојатни 36.000 тони и до реакторот се поместува со голем систем од хидраулични дигалки.
Експертите веруваат дека целосното поставување ќе заврши до 29 ноември.
Изградбата е финансирана од Европската банка за обнова и развој, а одговорните лица од оваа групација тврдат дека ова претставува најголемата подвижна земјена структура што некогаш е изградена.
Покрај тоа што оваа гигантска структура би требало да обезбеди заштита од радијација во следните 100 години, можеби поинтересно е што роботските додатоци кои се инсталирани на покривот, кога конструкцијата ќе биде поставена на место, ќе почнат да ги демонтираат најопасните делови од зградата одвнатре.
Еве како изгледа целата конструкција.
Дури и ако овој штит успее да ги спречи остатоците од реакторот да излезат надвор, во оваа фаза постои малку надеж дека оваа зона некогаш ќе биде погодна повторно да се населат луѓе.
Додека дивата популација се чини успешно опстанува во ова подрачје, млекото произведнено во граничните области – на оддалеченост од илјада километри од местото на хаваријата, сѐ уште содржи 10 пати поголема радијација од дозволената, дури и 30 години подоцна.
Сепак, ова подрачје би можело да се искористи за други работи. Минатиот јули украинската влада објави план со кој областа околу Чернобил ќе се претвори во огромна соларна фарма.(прочитајте повеќе на енаука.мк)
Погледнете како оваа област изгледа денеска.