Откриено е дека лилјаците имаат сензорни клетки за насока на главата, кои одговараат на правците во хоризонтална рамнина, за кои веќе беше познато дека постојат кај глодарите. Но, пронајдени се и нови клетки за вертикална, кружна, лева и десна ориентација. Сите овие клетки се комбинираат за да формираат кружен компас во нервните супстрати на лилјаците кои им помагаат да се ориентираат во просторот и да извршуваат импресивни акробации, често во затемнети или целосно темни услови.
Невроните во хипокампусот на проучуваните лилјаци создаваат слика на 3Д просторот која животното потоа ја користи за да насети каде и како неговото тело е позиционирано во рамките на тој простор.
Во меѓувреме, друго истражување од Универзитетот во Тел Авив вели дека три видови на овошни лилјаци, за кои некогаш се сметало дека се потпираат првенствено на визија, всушност користат рудиментирана верзија на лоцирање засновано на ехо, познато како „echolocation“.
Лилјаците важат за релативно мистериозни животни и иако остануваат голем број на прашања кои допрва треба да се истражуваат, резултатите од овие истражувања служат како дополнување на разбирањето на мозокот кај цицачите и неговиот процес на формирање сложени шеми на информации во врска со светот.