Целиот Универзум на една фотографија

Ова е илустрирана концепција на Универзумот со Сончевиот систем во центарот, создадена од страна на уметникот Пабло Карлос Будаси врз основа на логаритамски мапи на Универзумот, создадени од истражувачите на Универзитетот Принстон, како и врз основа на фотографии од телескопите на НАСА.

Истражувачите од Принстон, предводени од астрономите Џ. Ричард Гот и Марио Јуриќ ги создале логаритамските мапи на Универзумот врз основа на податоците од проектот „SDSS“ кој во текот на последниве 15 години го користи оптичкиот телескоп во опсерваторијата Апаче во Ново Мексико, за да ги создаде најдеталните три-димензионални мапи на Универзумот, како и спектри на повеќе од 3 милиони астрономски објекти.

entire-observable-universe

Околу Сончевиот систем се внатрешните и надворешните планети, Кајперовиот појас, Ортовиот облак, Млечниот Пат, галаксијата Андромеда, како и други галаксии во близина, космичкото зрачење и невидливата плазма која се создала за време на Големата Експлозија (Биг Бенг) на самите рабови. Погледнете го и видеото подолу за да видите и еден поинаков вид на космичка визуелизација на нашата галаксија во однос на 100 илјади соседни галаксии.

Поддржете ја нашата работа: