Истражувачите од Универзитетот Сан Диего во Калифорнија откриле дека „МРСА“- една бактерија супер отпорна на антиотици, станува уште поотпорна на имуниот систем, ако се изложи на чад од цигари.
МРСА (Methicillin-resistant Staphylococcus aureus) е бактерија исклучително отпорна на антибиотици , која може де предизвика животно загрозувачки инфекции и пневмонии.
Во својата пракса истражувачите среќавале многу пациенти – пушачи со МРСА инфекции и сметале дека можеби едното влијае на другото. За да ја тестираат оваа хипотеза, истражувачиле инфицирале макрофаги – имуни клетки кои ги напаѓаат МРСА патогените. Едни од бактериите биле растени во нормални услови, а други биле растени со екстракт од чад од цигари.
Наодите покажале дека макрофагите многу потешко ги убивале бактериите кои биле изложени на екстракт од цигари, и покрај тоа што подеднакво ги напаѓале и едните и другите. Ефектот зависел од дозата, што значи дека, колку поголемо количество на екстракт било користено, толку поотпорни станувале бактериите.
МРСА третирани со екстракт од чад од цигари, исто така повеќе се лепеле и ги напаѓале човечките клетки растени во лабораториски услови. На модели од глувци, МРСА бактериите изложени на чад од цигари успевале подобро да преживеат и да предизвикаат пневмонија, со поголема стапка на смртност.
Овие податоци покажуваат дека чадот од цигарите ги зајакнува МРСА бактериите со тоа што го менува нивниот клеточен ѕид на начин што им овозможува да бидат отпорни на нападите од имуните клетки.
„Познато е дека пушачите се поподложни на инфективни заболувања. Сега имаме доказ дека отпорноста на МРСА која е предизвикана од чадот од цигарите, може да биде уште еден фактор што допринесува за ваквата состојба“- велат истражувачите.
Истражувањето е објавено во „Infection and Immunity“.