Црна материја во близина на Земјата?

Наместо рамномерно да биде распоредена низ галаксиите, симулациите покажуваат дека честичките на црната материја може да се таложат во структури како ореоли, дискови и потоци.

Гери Призоу од Лабораторијата за млазни погони во Калифорнија, се запрашал што би се случило ако еден поток од црна материја помине низ планета како што е Земјата. Тој пресметал дека гравитацијата на планетата би ги изместила траекториите на честичките и би ги фокусирала на една точка. Овој „ефект на леќа“ би ја концентрирал црната материја по должината на оската која поминува низ јадрото на Земјата, достигнувајќи густина околу милијарда пати поголема од просечната во фокусната точка.

Призоу овие карактеристики ги нарекува „влакна“. Фокусот или „коренот“ на едно такво влакно би бил околу милион километри над Земјата, токму над Месечината, вели тој.

Оваа статија во оригинал е објавена под наслов „На Земјата може да и порасне коса од црна материја“, во списанието „New Scientists“.

Поддржете ја нашата работа: