Дубаи на Сaмитот на светските влади претставил црна визија за иднината, но и проекти кои би можеле да бидат решение за проблемите со питка вода, недостатокот на храна и за градовите кои се загрозени од климатските промени.
Нашиот свет драстично се менува, а само за неколку децении милиони луѓе би можело да живеат од вода добиена благодарение на џиновски медузи произведени во лабораторија.
Според оваа прилично црна визија за иднината, храната би се произведувала на роботски фарми кои би биле сместени во напуштените гаражи, затоа што автомобилите веќе не би се користеле, бидејќи би биле премногу токсични заатмосферата. Луѓето би живееле во 3Д печатени градови кои постојано би се зголемувале и би се менувале за да можат да се прилагодат на тешките климатски услови.
Овој труд, кој беше претставен на Самитот на светските влади во Дубаи предвидува дека луѓето до 2050 година би можеле да дојдат до работ на изумирање, со голем број на градови кои би биле целосно избришани.
Дубаи веќе работи на истражувања во врска со биолошки погони за десалинизација кои комбинираат гени од медуза и корени од мангрова – кои претставуваат најдобар систем за десалинизација во природата. Исто така се работи и на системи кои би користеле биоинжинеринг за борба против уништување на градовите и на решенија за масовното земјоделие, кое можеби нема да биде возможно.
Ноа Рафорд од Фондацијата за иднината на Дубаи, истакнал дека оваа висија е прилично силна, но дека тој регион веќе има проблеми со недостаток на вода, со снбдувањето со храна и со пораст на нивото на морето како реални закани.
Скоро 90 проценти од целата вода во Дубаи се десалинизира, а речиси иста количина на храна се увезува во Дубаи, каде поголемиот дел од инфраструктурата е загрозена од порастот на нивото на морето.
За „News.com.au“, Рафорд вели дека на решевањена овие проблемии работаат на начин тие да станат и производи за извоз.На тој начин погонот за десалинизација би можел да произведува и сол за батерии.
И додека нивните производи сѐ уште се хипотетички, конечните резултати се реални. Дубаи својата визија ја има поставено во „Музејот на иднината“, а во иднина заедниците би ја произведувале и својата храна, која во домовите би ја носеле роботи, според потребите на секое семејство.На тој начин, храната од „автоматските фарми“ би стигала до луѓето многу посвежа, но според таа визија на менито не ви имало месо и риба.