Овој метод би овозможил детектирање на ракот во рана фаза што не може да се детектира со конвенционалните тестови и ќе ги охрабри луѓето порано да се испитаат и да започнат со лекување, велат истражувачите.
Исто така и медицинските трошоци би се намалиле, бидејќи може само да испратите примерок од урина за тестирање. Тестот би чинел од 100 јени (околу 15 евра) па нагоре. Резултати би добиле за околу 90 минути.
Истражувачите тестирале 242 примероци од урина за да ја проверат ефикасноста на тестот и откриле прецизност од 95,8% што е значително повеќе од дијагностичките тестови со примероци од крв. Исто така, забележале 5 пациенти позитивни на рак, кои не биле категоризирани како такви кога им била земена урина во 2011 година, а ракот се развил дури по 2 години. Тоа значи дека овој тест може да дијагностицира рак во рана фаза и може да претставува нова стратегија за да се откријат и проучуваат мирисите поврзани со болестите.
Претходно, споменавме за кучето кое детектира рак со голема прецизност, но јапонските истражувачи сметаат дека е тешко да се започне клиничка примена на тој метод бидејќи зависи од концентрацијата на кучињата, што не е случај со цевчестите црви кои живеат во почва или вода и ја избегнуваат урината на здравите пациенти, а ги привлекува онаа на болните од рак.
Овој метод на тестирање не може да идентификува за каков вид на рак се работи, но научниците успеале да култивираат црви кои реагираат на одреден вид рак. Во моментов, соработуваат со различни компании за да развијат скрининг уред за тестот и се надеваат дека ќе започнат со практична примена во 2019 година. Наодите се објавени во „PLOS ONE“.