Убавите нокти во голема опасност

Тие развиле равенка за  да ги одредат физичките закони кои влијаат на растот на ноктите и ги искористиле за да ги разјаснат причините за најчестите  проблеми со ноктите како – враснување на ноктите , нокти во облик на лажичка или вклештени нокти.

Според истражувањето, објавено во октомвриското издание на списанието „Physical Biology“, лошото скратување на ноктите може да ја наруши нежната рамнотежа на ноктите и да предизвика резидуален стрес кој може да го зафати целиот нокт.

Резидуалниот стрес може, со текот на времето,  да ги потпомогне промените во обликот и заобленоста на ноктот , кое може да доведе до сериозни проблеми со ноктите.

„Зачудувачки е што се се спремни луѓето да направат за ноктите да им изгледаат убаво. Во тој контекст одлучив да проверам, што точно ние знаеме за ноктите. Со проучување на  научната литература во врска со ноктите брзо може да се заклучи дека многу малку физика или математика се применети за состојбата на ноктите“, вели Сирил Раух, водачот на ова истражување.

Во оваа студија истражувачите посебно внимание посветиле на враснатите нокти на нозете, состојба за која се уште нема задоволителен третман, а причините се недоволно јасни.

Кога ја осмислувале равенката , истражувачите во пресметките ги вклучиле јаката атхезија на ноктот со неговото лежиште преку тенки, микроскопски структури што му овозможуваат на ноктот да се лизга и расте напред во вид на запчаник-со континуирано поврзување и одврзување со ноктот.

Исто така во пресметките ги вклучиле и механиките напрегања на ноктите и дошле до севкупната равенка за обликот на ноктите.

Пресметките покажале дека ако се поремети рамнотежата помеѓу стресот од растот и атхезивниот стрес , односно ако ноктот расте многу брзо или многу споро или бројот на атхезивните структури се промени- резидуалниот стрес го зафаќа целиот нокт и со текот на времето доведува до промена во неговиот облик.

Иако враснатите нокти „доаѓаат” со стареењето и со промените во метаболизмот-тие се чести и кај децата и бремените жени. Равенката покажува дека лошото сечење на ноктите може да го зголеми резидуалниот стрес.

Истражувачите сметаат дека овие наоди би можеле да се применат кај домашните животни на фармите, каде состојбата на копитата може да го загрози животот на животното. Ова би можело да најде примена во ветеринарната медицина -со цел да се обезбеди адекватен начин на скратување на ноктите на копитата на животните со цел да се осигура производство на здрава храна.

Поддржете ја нашата работа:
Ви благодариме за секоја ваша поддршка и донација