Универзумот на дланка

Дали некогаш сте се запрашале како изгледа целиот универзум или какво би било чувството да го држите на дланка. Сега може да го имате тоа – само ви е потребен 3Д принтер.

Истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон креирале шематски планови за 3Д печатење на универзумот, заедно со инструкциите кои се достапни на интернет, така што секој што има пристап до 3Д принтер може да си испечати свој минијатурен универзум.

Во оваа претстава на универзумот, истржувачите особено го отсликуваат космичкото позадинското зрачење, или блескавата светлина што се протега низ универзумот, за која се смета дека е остаток од Големата Експлозија (Биг-Бенг) кога е роден универзумот – пред 13,8 милијарди години. Како изгледа ова може да погледнете во видеото.

На почетокот, универзумот претставувал густа магла од плазма (облак од наелектризирани честички) и зрачење. Откако се проширил и станал потранспарентен, се јавило космичкото позадинско зрачење. Ова се случило 380.000 години после Големата Експлозија, велат истражувачите.

Космичкото позадинско зраење е најраното зрачење што астрономите го детектирале во универзумот. Иако не може да се види со голо око, преку неговото мерење  може да се откријат детали за структурата на универзумот, меѓу кои за температурата и густината.

„Големите грутки – се деловите каде што позадинското зрачење е малку потопло од просечно, а сините делови каде што е поладно “- вели во видеото Дејв Клементс, физичар од Кралскиот колеџ и водач на проектот 3Д печатен универзум.

Црвените делови се потопли и погусти од другите обоени региони и „Претставуваат семе за формирање на структурите“ – објаснува Клеменс. Овие области преку гравитацијата се групирале заедно формирајќи ги ѕвездите и галаксиите што ги гледаме денеска.

3d-print-mini-universe-cmb

Клеменс и неговиот тим се одлучиле да направат 3Д печатен модел на универзумот за да се добие подобра перспектива за сите податоци за космичкото позадинско зрачење собрани од сателитот Планк, на Европската вселенска агенција, вели Клеменс. Овој сателит кој е лансиран во 2009 година, го проучува раниот универзум преку мерење на позадинското зрачење на височина од 1,5 милиони километри над Земјата.

Клеменс и неговиот тим сметаат дека е полесно да се визуелизира космичкото позадинско зрачење во три димензии, наместо преку сложени 2Д мапи од универзумот. „Претставувањето на ова зрачење во вистинска 3Д форма што може да се држи во рака и да се почувствува, наместо да се гледа, може да биде многу корисно за учење, особено за луѓето со оштетен вид“- истакнува Клеменс.

Документот во кој се опишува процесот на 3Д печатење е објавен на 28-ми октомври во „European Journal of Physics“.

Ако сакате да испечатите свој мини-универзум, упатството може да го преземете тука.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.