Универзумот се шири побрзо од очекуваното?

Физичарите од САД  успеале да го направат досега најпрецизното мерење на сегашната стапка на експанзија на Универумот. Според добиените резултати, Универзумот се шири за 8 проценти побрзо од она што може да се објасни со постоечките закони на физиката.

Ако ова се потврди со независни тестирања, ќе биде потребно да се направи преиспитување на тоа како црната материја и црната енергија влијаеле на еволуцијата на Универзумот во последните 13,8 милијарди години, а тоа значи дека нешто ќе треба да се смени во стандардниот модел за физиката на честичките.

„Мислам дека има нешто во стандардниот модел кој ние не го разбираме“, вели за „Nature“ водачот на истражувањето Адам Риес од Универзитетот Џон Хопкинс, еден од откривачите на црната материја во 1998 година.

Постепеното проширување  на Универзумот – што се одвива после Големата експлозија (Биг-Бенг), физиката сега го објаснува преку црната материја и црната енергија.

332BD3C700000578-0-image-a-5_1460625806059

Се смета дека невидливата црна материја сочинува 27 проценти од Универзумот, видливата метерија само 5 проценти, додека црната енергија се проценува дека сочинува цели 68 проценти од познатиот Универзум, а според начинот на кој тие стапуваат во интеракција може да се објасни зошто сѐ што постои од самиот почеток се шири.

Според прифатениот модел на космологијата, најголемо влијание врз еволуцијата на Универзумот има натпреварот помеѓу црната материја и црната енергија. Додека гравитационите сили од црната материја се чини дека го успоруваат ширењето на Универзумот, црнатата енергија го влече во спротивна насока за да го забрза ширењето.

Астрофизичарите успеале ова да го откријат благодарение на остатоците од радијација после Биг-Бенг, што денеска се забележува како космичко позадинско зрачење (Cosmic Microwave Background).

Претходните опсервации на космичкото позадинско зрачење (КПЗ) направени од Риес и другите астрофизичари од светот, укажуваат дека гравитационото влечење од црната енергија на Универзумот останало константно уште од времето на Биг-Бенг.

cmb

Оваа хипотеза беше поткрепена од најопфатната анализа  на КПЗ направена од страна на  Опсерваторијата Планк на Европската вселенска агенција и научниците ги користат овие мерења за да ја одредат стапката на ширење на Универзумот во која било дадена точка од историјата на Универзумот.

„Со години овие претпоставки не се поклопуваа со директните мерења на стапката на космичкото ширење – позната и како Хаблова константа. Но сѐ досега овие разлики беа во граници кои можеа да се игнорираат“, пишува „Nature“.

Сега Риес и неговите колеги нашле друг начин да ја измерат стапката на ширење – преку осветленоста на одредени небески тела, познати како „стандрдни свеќи“.

Како што објаснува „Mic.com“, се смета дека стандардните свеќи емитираат точно определено ниво на светлина, што значи дека научниците можат да ги користат овие тела како маркери кога  вршат мерење за тоа  колку Универзумот се шири вон нас.

Риес и неговиот тим анализирале 18 вакви стандардни свеќи, користејќи илјадници  податоци од телескопот Хабл и пресметале дека брзината на ширењето е за околу 8 проценти побрзо од тоа што го предвидуваат мерењата на Планк.

Овие резултати треба да бидат независно потврдени или да се отфрлат, но ако бидат потврдени, космологијата каква што сега ја познаваме ќе треба да претрпи сериозни промени.

Поддржете ја нашата работа: