Употребата на алкохол и цигари намалена, марихуаната најпопуларна

Овие наоди доаѓаат од Универзитетот во Мичиген и нивното лонгитудинално истражување  „Monitoring the Future“, кое ги следи трендовите на употребата на дроги меѓу учениците од  8, 10 и 12 одделение. Секоја година , сега веќе 40 години, анкетирани се 40.000 до 50.000 ученици во околу 400 средни училишта низ Соединетите Американски Држави.

АЛКОХОЛ

Во последните 12 месеци пред истражувањето, употребата на алкохол меѓу тинејџерите  е намалена од 43% на 41%, што статистички претставува значајна промена.

Од последната максимална стапка од 61% во 1997 година, има прилично стабилно  континуирано намалување во употребата на алкохол кај тинејџерите од околу 1/3.

Со можеби поголемо значење, процентот на тинејџери кои известуваат “прекумерно пиење”, односно, конзумирање на пет или повеќе пијалоци по ред најмалку еднаш во две недели е намален за 12%.

Неодобрувањето на прекумерното пиење меѓу тинејџерите се зголемува од 2000 година. Намалувањето на достапноста може да биде друг фактор што придонесува за намалувањето. Во последниве години, тинејџерите често велат дека не е лесно да се набави алкохол.

ЦИГАРИ

Пушењето на цигари, исто така, достигна историски пад меѓу тинејџерите во 2014 година од сите одделенија. Од 28%  во 1997 година, таа стапка е  намалена на 8 проценти во 2014 година.

Важноста на овој голем пад на пушењето за здравјето и долговечноста на оваа генерација на млади луѓе  е огромна.

Придружни фактори за намалувањето се достапноста и зголемената перцепција за ризиците од пушењето.

ДРОГИ

Исто така, намалена е употребата  на дрога. Најголем пад е забележан на синтетичката  марихуана, исклучително опасна супстанца.

Синтетичката марихуана (К-2, „Spice”), е се’ уште релативно лесно достапна. Предизвикува многу силни и непредвидливи ефекти, како тешка акутна психоза и срцеви напади.

Повеќето студенти се ’уште не ја признаваат синтетичката марихуана како опаснa класа на дроги, иако  процентот на тинејџери кои ја користат е опаднат за половина. Напорите на федерално и на државно ниво за затворање на продажбата на овие супстанции може да имаат ефект.

“Bath Salts” е уште една класа на синтетички дроги за која постоеше особен интерес пред неколку години,а сега исто така има намалена употреба. Процентот на тинејџери кои ја користат е сведен на помалку од  1%. Во истражувањето нема информации за достапноста на овој вид дрога.

Употребата на марихуана , по пет години зголемување меѓу тинејџерите, всушност е во благо опаѓање во 2014 година, од 26% на 24%, но се’ уште е висока. Еден од 17 тинејџери секојдневно користи марихуана.

Тинејџерите веруваат дека марихуаната не е штетна и ја одобруваат, па така ова благо намалување најверојатно се должи на достапноста.

Кај останатите дроги, како што се „LSD“ и екстази (MDMA) е забележано статистички значајна намалена употреба. Иако би сакале поголем напредок, оптимистички е тоа што сепак употребата на опојни и халуциногени супстанци се движи во надолна линија.

Поддржете ја нашата работа: