Употребата на мобилните уреди во училниците

Едно ново истражување што беше објавено во списанието „National Communication Association’s journal, Communication Education “, врши проценка на тоа како пишувањето на пораки влијае врз процесот на учење на учениците во училниците.

Претходни истражувања покажале дека учениците кои пишуваат пораки за време на часовите, генерално помалку се сеќаваат на тоа што се учи на часот, од останатите ученици. Исто така, кај тие што ги користат мобилните уреди на час, белешките што ги запишуваат на часот им се полоши, што значи негативно влијаат на уште еден когнитивен процес, кој на учениците им помага полесно да го совладаат училишниот материјал. Но, бидејќи мобилната технологија стана широко распространета, некои наставници почнаа да ја внесуваат дигиталната технологија во процесот на предавање, што пак го покренува прашањето: Дали тоа сепак го одвлекува вниманието на учениците? Дали одговарањето на пораките и испраќањето на пораки поврзани со училишниот материјал, ги деконцентрира учениците?

Во новото истражување, учениците биле тестирани како пишувањето и примањето на пораки, кои се поврзани или неповрзани со училишниот материјал, влијаат на совладувањето на училишниот материјал.

Учениците кои одговарале на пораки поврзани со материјалот покажале подобри резултати на тестовите, од ученците кои одговарале на пораки кои не биле поврзани со училишниот материјал. Од ова, истражувачите заклучуваат дека примањето и испраќањето на пораки кои се поврзани со училишниот материјал е корисно за учениците, исто како белешките што учениците ги прават на час во текот на предавањата. Слично како и во белешките од предавањата , во пораките поврзани со материјалот учениците имаат можност да ја пишуваат содржината од предавањата и во шифри.

Бројот на пораките, исто така, е фактор кој може да ги деконцентрира учениците. Оние кои почесто „твитале“ или испраќале пораки кои не се поврзани со училишниот материјал имале полоши белешки од предавањата во однос на оние што праќале помалку такви пораки. Првата група, исто така, покажала за 17% полоши резултати на тестовите од контролната група, што претставува уште еден доказ дека пораките кои не се поврзани со училишниот материјал му штетат на процесот на совладување на материјалот кај учениците.  

Иако многу наставници сметаат дека мобилните уреди го попречуваат процесот на учење во училниците – дури и ако се поврзани со училишниот материјал, ова истражување ја покажува вистинската вредност на употребата на овие уреди во училниците. Тие навистина можат да го попречат процесот на учење, но само ако често се користат и ако нивната употреба не е поврзана со училишниот материјал. Ова истражување може да им помогне на одговорните во креирање на политиките за употреба на мобилните уреди во училиштата.Покрај тоа, истражувањето дава свој придонес за тоа како мозокот ги процесира информациите кои ги добива истовремено од повеќе извори.

Поддржете ја нашата работа: