Уред што им помага на слепите полесно да се движат низ животот

Уредот наречен „Orcam My Eye“, наменет да им помага на слепите лица да се движат низ животот, се чини дека го помина првиот сериозен тест.

Истражувачите извршиле тестирање на уредот кај 12 слепи волонтери каде биле вклучени 10 секојдневни визуелни активности, како читање весник, знаци и електронска пошта.

Без овој уред, волонтерите постигнале просечен резултат од 2,5 од 10, додека со помош на уредот резултатот бил 9,5 од 10. Откако го користеле една недела во домашни услови, постигнатиот резултат бил дури и повисок и изнесувал 9,8 од 10. Напредок бил забележен дури и кај волонтерите кои веќе користеле други помагала за вид.

„Orcam My Eye“ е креација на истоимената израелска старт-ап компанија, основана од Амнон Шашуа, професор по комјутерски науки на Хебрејскиот Универзитет во Ерусалим и сегашниот извршен директор Зив Авирам.

Уредот се напојува со преносни батерии кои се прицврстени странично на очилата. Кога корисникот се насочува кон она што сака да го прочита уредот тоа го слика, го скенира и му го чита на корисникот. Иако е опремен со сопствена визуелна библиотека, уредот може да складира уште слики, па дури и да врши препознавање на лица, што се постигнува благодарение на комјутерски алгоритам изработен од Шашуа и соработниците во 2011 година.

33df12d000000578-3575269-image-a-11_1462458603353

Иако уредот е официјално промовиран во 2015 година во САД, досега неговата ефикасност не беше потврдена од независни истражувачи. Студијата е направена од страна на д-р. Елад Мојсејев, очен хирург од Медицинскиот центар Тел Авив во Израел и д-р.Марк Џ. Манис, кои за време на студијата биле истражувачи во Центарот „Davis Eye“во Сакраменто при Универзитетот во Калифорнија.

Наодите се презентирани на годишната конференција на Американската академија на офталмолози, одржана во Чикаго.

Иако првичните резултати се многу охрабрувачки, Мојсејев нагласува дека ова е прва од низата следни студии што треба да се спроведат, каде би требало да биде вклучена поголема група луѓе со различно ниво на оштетување на видот.

Поддржете ја нашата работа: