Уште докази за постоење на вода на Марс

Депозитите се состојат од испакнатини, рамни депозити и нерамномерни полиња од дини. Научниците испакнатините ги толкуваат како мали извори на вода, рамните депозити како басени каде што се собирала вода, а дините како еолски процеси.


Тие сметаат дека флуктуациите на подземните води се главниот фактор кој ги контролира овие депозити.

Научниците исто така нагласуваат дека депозитите во кратерите најверојатно поттекнуваат од процесот на поткревање на водата, односно нејзино излегување на површината што предизвикало испарување и врнежи. Тоа значи дека присуството на депозити покажува можно присуство на хидролошки циклус. Таквите услови во средина слична на Земјата, би биле погодни за колонизација на микроби.

Како основа за своето истражување, Пондрели и колегите направиле детална геолошка мапа на областа на кратерот. Истражувањето е објавено во “Geological Society of America Bulletin“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt