Успешни прелиминарни тестови за лансирање на ракети

Со тоа ќе се овозможат едно-етапни вселенски летала (SSTO). Ако оваa идеја успее, трошоцоте за испраќање на стелити во орбитата (а можеби и луѓе) значително ќе се намалат.

На истиот принцип работат и сегашните повеќе –етапни ракети. Секој дел е исполнет со гориво што ја потиснува ракетата во вселената, откако горивото ќе се запали. Но, ова е многу скап начин, бидејќи горивото е исклучително тешко. Идејата на „Escape Dynamics“ е со употреба на микробранови испратени од земја да се загрее водородот што го носи леталото за да го исфрли во вселената. Ова би претставувало многу поефикасен пристап, а тестирањето што го направиле во нивните објекти, покажува дека оваа идеја би можела да биде остварлива.

Во тестирањето што го направиле на модел на замја, истражувачите успеале да постигнат специфичен импулс од 500 секунди, користејќи хелиум. Тие веруваат дека кога ќе преминат на водород, ќе постигнат 600 секунди, што е доволно, како што тврдат, да потисне помало летало во вселената.

Кај вистинско летало, микробрановите би требало да удрат во топлотниот штит на дното на леталото (и при полетувањети и додека се движи кон вселената), напојувајќи го електромагнетниот мотор кој ќе го загрева водородот што се ослободува од резервоар. Кога ќе стигне во орбитата, леталото би можело да остане доволно долго за да го испушти сателитот и потоа би се спуштило на Земјата.

Микробрановите постројки би се напојувале со електрична енергија што би се генерирала од кој било извор, долу на Земјата.

Се разбира, постојат уште препреки што треба да се надминат за да може идејата да стане изводлива. Микробрановите постројки би требало да бидат доволно силни и способни да може да го следат леталото додека се искачува во вселената, што веројатно ќе претставува најголемата препрека. Тука се и прашањата за безбедноста, поврзани со исфрлањето на огромни количини на микробранови во вселената. Но, од друга страна, ако оваа идеја стане изводлива, тоа би значело дека испраќањето на сателити во орбитата би чинело само еден минимален дел од цената на сегашните системи.

 

Поддржете ја нашата работа: