Целата неизвесност што го следи вештачкото оплодувањето сега надополнете го со уште еден збунувачки факт :Типот на течноста што го користи лабораторијата за подршка на растот на јајце клеткити и ембрионите , може да влијае на успехот на третманот , па дури и на здравјето на бебето во подоцнежниот живот.
Рецептурите за овие течности – кои се нарекуват медиум за раст , се строго чувана индустриска тајна.Компаниите ги наведуват составните компоненти , но не го откриваат нивниот сооднос , што им го отежнува изборот на докторите кое средство да го користат.
Џон Димулен од Медицинскиот центар на Универзитетот Мастрихт во Холандија долго време се сомневал дека медиумот што се користи може да влијае на растот и развјот на ембрионот.Во 2010 година Димулен и неговите колеги ги објавиле наодите од своето истражување кое покажува дека има значителна разлика во тежината на бебињата добиени со вештачко оплодување кога се користени два различни медиуми.
Оттогаш биле направени неколку истражување кои покажале контрадикторни резултати.Ова ги поттикнало Димулен и неговит тим за прв пат да спроведат рандомизирано , контролирано истражување на два различни типа на медиум за раст.
Димулен и неговиот тим во сорабтка со неколку клиники за фертилитет во Холандија избрале 836 парови – волонтери коишто биле на третман за вештачко оплодување.По случаен избор тие биле распоредени за еден од двата типа на медиум кои се користат во Холандија.
Научниците откриле дека едниот од овие медиуми е многу подобар во создавање на здрави ембриони од другиот. На оние на кои им бил доделен овој медиум имале повеќе одржливи ембриони , помалку циклуси на вештачко оплодување и поголем број на забременувања.
Димулен веќе ги известил клиниките кои биле вклучени во истражувањето за добиените резултати и врз основ на тоа тие престанале да го користат едниот медиум.
Но ,медиумот кој се покажал подобар имал друг ефект. Бебињата кај кои е користен овој медиум биле родени со помала тежина.Разликата била мала , а бебињата не биле толку мали за да имаат здравствени проблеми , но резултатите треба да се земат во обзир .
„Ако медиумот за раст може ова да го направи што друго би можел да стори.Што би можело да се покаже за 20 или 30 години?“
Едно друго истражување покажало дена комбинацијата од супстанциите што го опкружуваат ембрионот , може да влијае на гените во ДНК на ембрионот и потенцијано да го измени начинот на експресија на гените од ембрионот во тект на целиот живот.
Мината година , еден друг истражувачки тим открил дека изборот на медиумот за раст може дури и да влијае врз веројатноста да се добие машко или женско.
Сите овие резултати укажуваат дека медиумот за раст може да има значителни , долготрајни ефекти врз бебињата што се добиени по пат на вештачко оплодување.
„Невозможно е да продадете еден единствен лек на пазарот , ако не ги прикажете сите негови состојки , но затоа , една толку важна работа , како што е медиумот за раст од кој зависи развојот на цел ембрион може да се продава без да се откри неговата содржина.Тоа за мене е неприфатливо“– вели Ханс Еверс од Универзитетот во Мастрихт.
За да можат истражувачите подобро да се справат со ефектите што медиумот може да ги има врз ембрионот , компаниите ќе мора да почнат да откриваат што точно има во нив , велат научниците.Еверс истакнува дека научната заедница во моментов е во процес на преговори со законодавците кои ги регулираат медицинските производи и веројатно наскоро би требало да се постигне договор околу ова прашање.