Вагинален прстен за заштита од ХИВ инфекција

Две нови студии кои беа презентирани на Конференцијата за ретровируси и опортунистички инфекции во Бостон открија потенцијален метод за превенција на ХИВ кај младите жени.

Овие две студии ја истражуваат ефикасноста на месечниот вагинален прстен кој содржи антиретровирусен лек наречен „dapivirine“.

Стандардниот вагинален прстен, како што е „NuvaRing“, е една форма на хормонска контрацепција, каде што жените треба да постават еден малечок прстен во вагината еднаш месечно за три недели. Но, со овој нов вагинален прстен, развиен од страна на непрофитното Меѓународно партнерство за микробициди, хормонот се заменува со антиретровирусен лек. Тој работи на тој начин што ја блокира способноста на ХИВ вирусот да се реплицира во внатрешноста на здравите клетки.

„Вагиналниот прстен го пренесува лекот директно на местото на инфекција, со многу ниска системска изложеност. Ова, како и лесната употреба, ќе ја зголеми привлечноста на овој прстен кај многу жени. Прстенот може да обезбеди повеќе можности за жените да го намалат сопствениот ризик за ХИВ“- изјавува д-р Шарон Л. Хилиер од Универзитетот во Питсбург.

Поголемиот дел од жените во овие студии биле млади, немажени и со многу висок ризик за ХИВ, од Суб-Сахарните земји во Африка. Жените во секоја студија биле поделени на две групи: оние што користат „dapivirine“ прстен и други што користат плацебо прстен.

image-20160301-8057-vbe88q

Од 1.300 жени вклучени во студијата, 77 се здобиле со ХИВ од групата на „dapivirine“ во споредба со 650 од групата на плацебо. Слично на тоа, и во втората студија, од 1.307 жени 71 жена која користела прстен со „dapivirine“се здобила со ХИВ, додека пак 97 кои користеле плацебо.

Генерално, првата студија покажала дека прстенот со „dapivirine“ помогнал да се намали ризикот за ХИВ за 31 процент и за 37 проценти кај жените на возраст од 21 година и постари, додека пак втората студија покажала дека прстенот го намалил ризикот за 61 процент кај жените постари од 25 години и 56 проценти кај жените постари од 21, во споредба со плацебо групата.

Истражувечите сметаат дека овие разлики во процентот се должат на фактот дека жените постари од 21 година подоследно го користеле прстенот. Придржувањето се мерело преку нивото на „dapivirine“ во крвната плазма на жените и остатокот на лекот во искористените прстени.

И во двете студии не била забележана никаква заштита кај жените на возраст од 18 до 21 година, и во овие земји во Африка незаштитениот хетеросексуален секс е примарен двигател на епидемијата.

Додека заштитата и придржувањето до тоа се подобрени со текот на времето, истражувачите се’ уште работат на тоа да дознаат како употребата на прстенот, потенцијалните биолошки фактори, како и другите фактори, може да имаат влијание на различните нивоа на заштита кое се гледаат по возраста во овие студии.

Поддржете ја нашата работа: