Атлантида веќе илјадници години буди интерес и кај професионалците и кај лаиците. Иако професионалците велат дека се работи за мит, сепак, на остатоците од други стари градови кои се наоѓаат под водите на морињата им се восхитуваат сите.
Атлит Јам, Израел
Едно од најголемите локалитети на антички населби е откриен на длабочина од 12 метри и се протега на површина од 40.000 квадратни метри. Тука луѓе живееле во периодот од 6900 до 6300-тата година пред Христа. Покрај човечки остатоци и артефакти од коски и камен, најинтересни се монолитите високи од еден до два метри наредени во полукруг.Ги има седум, а археолозите веруваат дека биле поставени околу отворите за вода.
Дварка, Индија
Во индискиот залив Камбат, 20 километри од Гуџарат, во 2001 година откриени се остатоци од древна цивилизација, на длабочина од 40 метри под површината на морето. Се претпоставува дека градот е потопен пред околу 9000 до 10.000 години.
Никој не знае каде исчезнала цивилизација која го создала овој град. Според една приказна од Махабхарата, градот му припаѓал на богот Кришна, кој наводно бил вонземјанин. Долго време се верувало дека Дварка е само митско место.
Пирамидите Јонагуни – Џима, Јапонија
Во осумдесеттите, локалните нуркачи откриле мистериозни камени формации во морето во близина на островот Јонагуни. Камењата биле поставени во форма на степенасти тераси. Експертите ја зеле предвид и можноста дека се работи за природен феномен, но гравурите и резбите ги разубедиле.
Се претпоставува дека оваа структурата и припаѓала на познатата Пацифичка цивилизација Му, за која се смета дека исчезнала како резултат на цунами и дека била стара повеќе од 5000 години.
Хераклион – Тонис, Египет
Мистериозниот град, кој е 1.200 години бил скриен под песок и кал, долго време се сметало дека е само легенда. Бил откриен во почетокот на 20 век. Градот изобилува со големо богатство, кое и денес сѐ уште се открива. На локалитетот се пронајдени 64 бродови, златници, огромни, пет метри високи статуи, мали статуи на боговите, плочки со хиероглифи…
Павлопетри, Грција
Археолозите го сметаат овој град за ремек-дело на урбанистичкото планирање. Павлопетри е постар од 5.000 години, и се наоѓа на длабочина од само четири метри. Се верува дека бил центар за трговијата на микенската и минојската цивилизација.