Еден тим од експерти за вештачка интелигенција смета дека не постојат докази дека вештачката интелигенција претставува непосредна закана за човештвото, што треба да е добра вест за оние кои се чувствуваат вознемирено поради брзиот напредок на роботиката.
Всушност, нивниот извештај е доста позитивен во врска со се´ што е поврзано со вештачката интелигениција, велејќи дека во следните 15 години технологијата треба да ни го подобри нашиот живот, особено во областите на транспорт, здравство, образование и безбедност.
„Вештачката интелигенција и животот во 2030 година“ е студија која за прв пат ќе биде објавена од проектот „AL100“, тековна 100 годишна студија предводена од Универзитетот Стенфорд и постојана комисија од специјалисти за вештачка интелигенција од целиот свет.
Извештајот покажува дека, барем за сега, вештачката интелигенција нема капацитет за да спрема некој заговор за доминација во светот.
„ Се´уште не се развиени машини со самоодржливи долгорочни цели и намери, ниту пак постои веројатност дека ќе се развијат во блиска иднина“- велат истражувачите.
Наместо тоа, покорисни апликации на вештачката интелигенција, со големо позитивно влијание врз нашето општество и економија, најверојатно ќе се појават од сега па се´ до 2030 година.
Значи, сега за сега сме безбедни. Но, извештајот предупредува дека вештачката интелигенција ќе создаде „нови предизвици“ за општеството и економијата, и дека треба да се направат правилни одлуки за секој да ги чувствува придобивките од попаметните комјутери.
Според извештајот, за повеќето од нас, автономниот транспорт и самовозечките автомобили најверојатно ќе бидат првата област во која ќе мораме да имаме доверба во вештачката интелигенција.
Транспортот е една од областите каде што има најголем напредок во последно време, како што се покажа со автоматскиот систем за авто-возење на „Tesla Motor’s“, кој веќе може сам да се паркира и да се справи со возење на автопат.
Предвидувањето на иднината не е едноставно, па во оваа студија нема премногу големи претпоставки за тоа што може да се очекува до 2030 г. Се очекува дека вештачката интелигенција ќе помогне со огромните бази на податоци за увид во образованието, спроведувањето на законот и здравствената заштита.
Вештачката интелигенција ќе има најголемо влијание во ваквите анализи, со тоа што комјутерските системи би можеле веднаш да препознаат човечко лице, или да генерираат серија на атоматски тест-прашања за илјадници студенти кои полагаат онлајн курс.
Во студијата, исто така е јасно дека на нашиот став за вештачката интелигенција му претстои долг пат кон обликување на неговиот развој, доколку владата и граѓаните и приоѓаат на технологијата позитивно, поверојатен е повеќе позитивен исход.
Тоа значи дека вештачката интелигенција, најверојатно, ќе ги замени луѓето во некои работни места, но исто така може да создаде и нови улоги и да понуди нови начини за општествата да создадат богатство и слободно време.
Овие размислувања се во согласност со неодамнешните коментари на Стивен Хокинг, кој смета дека од нас зависи дали вештачката интелигенција ќе биде сила за добро или лошо.
Според еден од истражувачите, Питер Стоун од Универзитетот во Тексас, вообичаниот приказ на вештачката интелигенција во поп културата, како роботи убијци и непријателски безчувствителни системи е сосема погрешен.
„Секоја технологија има свои предности и негативности, и може да се искористи од страна на луѓето на злонамерни начини. Јас сум голем оптимист дека вештачката интелигенција ќе го подобри светот“- додава тој.