Вежбањето ја подобрува перфузијата на мозокот кај старите

Познато е дека физичката активност позитивно влијае на општото здравје. Досега, ефектите на телото се истражени опширно, додека ефектите врз мозочните функции помалку. Зголемувањето на мозочната  перфузија преку физички вежби претходно емпириски  е потврдено кај помладите луѓе. Новата студија покажува дека и кај повозрасните, мозокот има способност за прилагодување. Исто така, резултатите покажуваат дека промените во мемориските перформанси кои произлегуваат од физички вежби се тесно поврзани со промените на мозочната перфузија.

„На крајот на краиштата, имаме за цел да развиеме мерки за отстранување на  деменција како што е Алцхајмеровата болест. Ова е причината зошто сакаме да се разбере влијанието на физичката активност на мозокот и поврзаноста со невробиолошките механизми. Ова е од суштинско значење за развој на третмани кои се навистина ефикасни” , истакнува  Емра Дуцел, директор на Институтот за когнитивна неврологија на Универзитетот во Магдебург.

Целта на истражувачите е да се создадат нови нервни клетки во мозокот и да се спречи губењето на невроните, типичен процес кој се јавува кај деменцијата.

„Човечкиот мозок е способен да се промени и се развива во текот на нашите животи. Нови нервните клетки може да се формираат дури и во староста со стимулација на неврогенезата”, вели Дуцел.  Фундаменталните истражувања покажуваат дека формирањето на нови мозочни клетки често оди рака под рака со подобрената мозочна перфузија.

Поддржете ја нашата работа: