Виолина и пијано за психички здрави деца

Користејќи ја својата база на податоци, тимот анализирал  скенови  на мозокот на 232 деца на возраст од 6 до 18 години.

Во претходна анализа на податоци од магнетна резонанца (МНР) е откриено дека кортикалното задебелување или намалување во специфични области на мозокот е одговорно за појавата на анксиозност и депресија, проблеми со вниманието, агресија и контрола на однесувањето, кај здрави деца  кои немаат дијагноза на нарушување или ментална болест.  Новото дополнително истражување има за цел да провери дали позитивна активност, како што е музицирањето, би влијаела на тие показатели во кортексот.

Моделот е создаден за да се утврди дали целината на животната средина на младата личност, односно родителите, наставниците, пријателите, миленичињата и воннаставните активности, придонесува за  психичкото здравје. Музиката е важна компонента во моделот.

Резултатите се конзистентни  со очекувањата.  Музиката влијае на мозочните области за моторика, бидејќи активноста бара контрола и координација на движењето. Уште поважно, влијае на областите за регулирање на однесувањето.  Музичката пракса влијание на дебелината во делот на кортексот кој се однесува на извршните функции, вклучувајќи ја и меморијата, контролата на вниманието,  обработката на емоциите, како и организацијата и планирањето на иднината.

Наодите ја зајакнуваат хипотезата на тимот дека музиката многу повеќе ќе им помогне на децата со психички нарушувања, отколку лековите. Се апелира во училиштата да се воведат активности кои вклучуваат музицирање.

Поддржете ја нашата работа: