Вирусите се посмртоносни за мажите отколку за жените?

Една од најупорните мистерии во медицинската наука е тоа зошто некои инфекции предизвикуваат посериозни симптоми кај мажите отколку кај жените.

Мажите заразени со туберколоза имаат 1,5 поголеми шанси за смрт отколку жените, и 5 пати поголеми шанси за развој на рак при заразување со хуманиот папилома вирус ХПВ. Научниците сега мислат дека знаат зошто е тоа така – жените повеќе вредат како домаќини, па патогените еволуирале да ги задржуваат живи подолго од мажите.

„Вирусите може да се развиваат да бидат помалку опасни за жените, за да ја зачуваат женската популација“ – вели еден од тимот, Франциско Убеда, од Универзитетот Ројал Холовеј во Лондон.

„Причината зошто овие болести се помалку вирулентни кај жените е бидејќи вирусот сака да се пренесува од мајката на детето, дали преку доењето или само преку породувањето“ – додава тој.

Основната премиса е дека, додека болеста е најочигледниот знак дека сме се заразиле со вирус или бактерија, крајната цел е да се размножува и да се шири од домаќин на домаќин, а не да не разболе.

Болеста која често доаѓа со инфекцијата се смета како несакан ефект, и за домаќинот и за патогнот, бидејќи доколку домаќинот е прикован за кревет или умре, тој веќе не може да го шири вирусот.

Убеда и неговиот тим решиле да дознаат зошто некои патогени се чини дека преферираат жени наместо мажи гледајќи во стратегијата на патогените, наместо во реакцијата на пациентите.

Наместо да се фокусираат на разликите во машкиот и женскиот имунолошки систем и како тоа би влијаело на тежината на симптомите, тие сакале да откријат дали всушност патогенот прави нешто за да постигне такви резултати.

Вирусот на кој тие се фокусирале бил човечкиот Т – клеточен лимфотропен вирус тип 1 (HTLV-1), кој е застапен во Јапонија, Карибите и Западна Африка.

virus-mens_1024

Нивните резултати покажале дека вирусот имал 3,5 пати поголема веројатност да предизвика Т-клеточна леукемија (ATL) кај возрасните, што е смртоносна, кај јапонските мажи отколку кај жените, но на Карибите, веројатноста била приближно еднаква меѓу половите.

Земајќи предвид дека овој вирус се шири или со сексуално пренесување или од мајка на дете за време на периодот на лактација, истражувачите сугерираат дека разликите во трендовите на доење во Јапонија и Карибите може да го објаснат резултатот.

Исто така и мажите инфицирани со Епштајн-Баровиот вирус имаат два пати поголема веројатност да развијат Хочкинов лимфон отколку жените, и мажите имаат поголем ризик за потежок случај на сипаници отколку жените. И двата од овие вируси може да се пренесуваат од мајката на детето.

Но, оваа хипотеза не може да објасни еден многу важен детаљ: како вирусите или бактериите знаат дали инфицираат маж или жена?

Прашањето не е дали тие го прават тоа, бидејќи има многу видови на хормонални знаци и други хемиски патишта кои се различни кај мажите и жените, туку како истражувачите да го докажат тоа.

„Можеме да пробаме да го натераме вирусот да мисли дека се наоѓа во женско тело отколку во машко, и оттаму да земе еден поинаков курс на дејствување“ – сугерираат тие.

Тимот сака да продолжи да истражува понатаму со тоа што ќе го сврти вниманието на тоа како различните полови кај животните реагираат на одредени вируси, и планира да започне со ретровирусите кои предизвикуваат рак кај кокошките.

„Кога едно група на кокошки ќе се зарази со одреден вирус, повеќето машки пилиња развиваат тумор отколку женските“ – додаваат тие.

Истражувањето е објавено во „Nature Communications“.

Поддржете ја нашата работа: