Вирусот Зика може да доведе до глобална епидемија на микроцефалија и други дефекти при раѓањето

И покрај тековните истражувања на вирусот Зика, прашањето дали предизвикува голем број на дефекти (меѓу кои и микроцефалија – ненормално мала глава) кај децата кои се инфицираат во матката, се’ уште не е докажано. Сепак, едно ново истражување тврди дека ги има досега најсилните докази за тоа.

Истражувачите ги анализирале медицинските податоци на 32 бразилски бебиња родени помеѓу јануари и мај 2016 година кои имале микроцефалија, и ги споредиле со слична група на 62 здрави бебиња. 80% од мајките чии деца имале микроцефалија биле инфицирани со Зика, во споредба со 64% од мајките на здравите деца. Никое од здравите деца не било позитивно на Зика, во споредба со 41% од децата кои имале микроцефалија.

„Според ова, податоците сугерираат дека епидемијата на микроцефалија е резултат на конгенитална инфекција со вурусот Зика“, заклучуваат истражувачите.

И покрај растечкиот консензус за поврзаноста на вирусот Зика со дефектите при раѓањето, едноставната споредба помеѓу здрави новороденчиња и новороденчиња со микроцефалија е изненадувачки прва од ваков вид. Иако истражувачите планираат да го прошират истражувањето и да анализираат повеќе бебиња, тие сметале дека првите резултати се доволно застрашувачки за да ги објават веднаш.

Со овие последни откритија, научниците воопшто не се воздржуваат во прогласувањето на Зика за итна здравствена закана. Покрај тоа што побарале официјално признавање на способноста на Зика да предизвика дефекти при раѓањето, со што се приклучува на кратката листа на други такви заразни болести (како рубеола и херпес), научниците исто така предупредуваат дека треба да се подготвиме за глобална епидемија на микроцефалија, како и други манифестации на вирусот Зика.

Во моментов, се преценува дека во Бразил – епицентарот на епидемијата, има повеќе од 1.600 потврдени случаи на микроцефалија од појавата на болеста во земјата, но се очекува многу деца кои конгенитално се инфицирале со Зика да развијат разни здравствени проблеми, од потешкотии при учењето до проблеми со видот и слухот.

Од почетокот на септември, во САД има повеќе од 700 потврдени случаи на Зика кај бремени жени, а вкупно епидемијата е застапена на двете страни на светот, со повеќе од 50 земји од светот кои пријавуваат активни слуачи.

Истражувањето е објавено во „The Lancet Infectious Diseases“.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.