Витамин Е против пневмонија

Постарите лица над 65 годишна возраст се изложени на висок ризик за развој на пневмонија, воспаление на белите дробови обично предизвикано од инфекција. Најчестиот вид на воспаление на белите дробови што се случува во оваа возрасна група е предизвикана од бактеријата „Streptococcus pneumoniae“. Како што човекот старее, така имунолошкиот систем слабее, што го прави човекот ранлив на инфекција на белите дробови. Нормално, телото се бори против оваа инфекција  користејќи специфични бели крвни клетки, познати како неутрофили, кои влегуваат во белите дробови и ги уништуваат бактериите. Меѓутоа, доколку бројот на неутрофили во белите дробови не е добро регулиран,  доаѓа до воспаление и оштетување. Стареењето може да ја наруши способноста на телото  за регулација на  неутрофилите.

„Претходните анализи  покажаа дека витаминот Д може да помогне во регулирањето на имунолошкиот систем во текот на стареењето, но нашето сегашно истражување за прв пат покажа дека исхраната со витамин Е го регулира влезот на неутрофилите во белите дробови кај глувците, драматично го намалува воспалението и помага во борбата против инфекцијатаод овој чест тип на бактерии “, вели водечкиот автор на истражувањето.

Истражувачкиот тим  проучувал постари, машки глувци пред и после заразување со бактерија која предизвикува пневмонија. Пред инфицирањето, тие биле хранети со различни нивоа на витамин Е, посебно алфа-токоферол, во период од четири недели. Една група на глувци  добивала препорачани количини на витамин Е (контролната група), додека на друга група и биле давани покачени количини на витамин Е, 10 пати повеќе од препорачаната дневна доза, но сепак под максималната граница (експерименталната група).

Глувците од експерименталната група биле далеку повеќе отпорни на бактерии во однос на оние во контролната.

За да ги измерат разликите во функционирањето на имунолошкиот систем  помеѓу двете групи на глувци, истражувачите ги испитувале белите дробови за да ја проценат штетата, да го утврдат бројот на бактерии  и бројот на белите крвни клетки (неутрофили).

Во споредба со глувците кои имале нормални количини на витамин Е во нивната исхрана, глувците хранети со зголемена доза на витаминот Е имале:

• 1000 пати помалку бактерии во нивните бели дробови

• Два пати помалку бели крвни клетки (неутрофили)

Намалениот број на бактерии и бели крвни клетки резултирал со помалку оштетување на белите дробови  кај постарите глувци кои добиле дополнителен витамин Е. Овие глувци  ја контролирале инфекцијата еднакво ефикасно како нивните млади потомци.

Околу 900.000 Американци добиваат пневмонија секоја година. Од нив, 400.000 пациенти  се хоспитализирани, а околу 50.000 умираат.  Вакцините кои се на располагање, не можат  да ги заштитат сите луѓе.  Отпорноста на антибиотиците е дополнителен  проблем, особено за постарите лица со воспаление на белите дробови. Ризична група за отпорноста на лековите против инфекциите се и децата.

Поради тоа, неопходно е да се пронајде алтернативен начин за борба против инфекциите. Можеби витаминот Е е лекот.

Поддржете ја нашата работа: