Секвенционирањето на ДНК открива дека човекот, кој живеел пред 45.000 години, дефинитивно бил поврзан и со луѓето и со Неандерталците. Двете групи прв пат се сретнале пред околу 60.000 години.
Лидерот на проектот, Крис Стрингер, од Музејот на природна историја во Лондон вели дека Сибирскиот човек е припадник на група која е тесно поврзана со предците на денешните Европејци и Азијци. Но, има малку повеќе ДНК на Неандерталец, во однос на нив.
„Неговите неандерталски геномски сегменти се во просек за три пати поголеми од должината на оние кои се наоѓаат во геномите денес“, вели Стрингер. ДНК-та од Неандерталците постепено генерациски се намалувала, уште од времето на вкрстувањето.
Историски гледано, репродукцијата со Неандерталците се случила 7000 -10.000 години пред Сибирскиот човек. Ова значи дека вкрстувањето на човекот со Неандерталецот се случило пред повеќе од 60.000 години. Едноставното објаснување тогаш e дека современиот човек (Homo sapiens), прв заминал во Африка пред околу 60.000 години. Но, други наоди го оспоруваат тоа. Антрополозите откриле 100.000 години стари скелети од нашиот вид во израелските пештерите на „Skhul“ и „Qafzeh“.
Кога ќе се соберат сите делчиња на куп, можни се две сценарија:
Во првото сценарио, луѓето ја напуштиле Африка пред некаде околу 100.000 години, но не успеале да изградат успешни трајни населби. Подоцна, уште една група ја напуштила Африка пред околу 60.000 години, што резултира со успешна дисперзија. Од оваа група се настанати денешните не- африкански раси.
Во второто сценарио, луѓето ја напуштиле Африка пред 100.000 години и биле успешни. По извесно време, еден бран на луѓе пристигнал во јужна Азија пред 75.000 години, на крајот пристигнувајќи до Австралија и Нова Гвинеја. Потоа, втор бран, пред околу 60.000 години, со кој предците на денешните Eуроазијати и Индијанците си заминале од Африка.
Кое сценарио навистина се случило? Пронаоѓањето на Сибирскиот човек ги ограничува можните теории и покажува дека е мала веројатноста вкрстувањето да се случило пред повеќе од 60.000 години.