Емпириските истражувања ги имплицираат следниве разлики помеѓу лицата со надворешен и внатрешен локус на контрола
- Кај лицата со внатрешен локус постои поголема веројатност да се работи за постигнување поголем успех, да се толерира доцнење на наградите и да се планираат долгорочни цели, додека кај оние со надворешен поголема е веројатноста да ги намалат своите цели. Доколку доживеат неуспех на дадена задача, лицата со внатрешен локус вршат ре-евалуација на идните перформанси и ги намалуваат своите очекувања за успех, додека оние со надворешен може да ги зголемат сопствените очекувања. Овие разлики се во корелација со мотивацијата за постигнување. Ротер смета дека лицата со внатрешен локус имаат повисока мотивација од лицата со надворешен. Сепак емпириските наоди тука се двосмислени. Постојат докази дека половите разлики можат да ги комплицираат овие наоди,односно женските се со поголема подготвеност кон неуспех, мажите кон успех.
- Податоците на „Bialer“ (1961), укажуваат дека внатрешниот локус на контрола е поврзан со зголемувањето на можноста за одложување на задоволувањето. Едно од истражувањата покажува дека овој ефект не се однесува на сите примероци. Волс и Милер (цитирано од Lefcourt, 1976) откриле поврзаност помеѓу внатрешниот локус на контрола и одложувањето на задоволство кај децата од второ и трето одделение, но не и кај возрасните кои биле клиенти на професионална рехабилитација.
- Лицата со внатрешен локус на контрола се поспособни да се спротистават на принуда.
- Лицата со внатрешен локус на контрола се подобри во толерирање на двосмислени ситуации. Исто така постојат многу докази во клиничките истражувања за негативна корелација помеѓу внатрешен локус и анкциозност, депресија и помала склоност кон научена беспомошност. Сепак, тоа не значи дека емоционалниот живот на лицата со внатрешен локус е повеќе позитивен од лицата со надворешен локус, поради фактот дека првите се склони кон чуство на вина.
- Лицата со надворешен локус се помалку подготвени да преземат ризици и да работат на самоподобрување со дополнителна помош.
- Лицата со внатрешен локус на контрола остваруваат поголеми придобивки од социјалната подршка
- Лицата со внатрешен локус на контрола имаат подобро ментално здравје кога се работи за надоместување на подолг рок и ускладување со одредена физичка попреченост.
- Кај лицата со внатрешен локус постои поголема веројатност да претпочитаат игри врз основа на вештина, додека надворешните претпочитаат игри врз основа на шанса или среќа.
Поддржете ја нашата работа: