Мистериозен мегалитен долмен-вид на гробна комора, стар повеќе од 4.000 години, на кој се наоѓаат гравури, откриен е во Галилеја во северниот дел на Израел.
Овој мегалитски споменик, изграден во вид на скапа гробница, откриен е во кибуцот Самир во Галилеја и е уникатен поради свите димензии и „уметничките цртежи“ на таванот.
„Ова е првиот долмен каде има уметност , откриен на Блискиот исток“– вели археологот Ури Бергер.
Во долмените уште во праисториско време биле погребувани мртвите. Биле изработени од неколку, вертикално поставени камени блокови, покриени со една или повеќе хоризонтални камени плочи.
„На доменот се изгравирани околу петнаесет знаци, но тие многу тешко се дешифрираат. Можно е да претставуваат лакови, птици или душите кои летаат кон небото“– вели професорот Гонен Шарон од универзитетот Тел Хаи.
Откриениот долмен датира од бронзено време (постар е од 4.000 години) и се наоѓа на средината на останатите камени гробници. Хоризонталната камена плоча тежи 50 тона.
„Воопшто не ни е познато како се градени ваквите мегалитски споменици и на кој начин нивните градители успеале да подигнат толкава тежина“– признава професорот Гонен.
Внатрешните димензии на долменот изнесуваат два на три метри.
„Ваквите димензии се доказ дека овој долмен не е изграден од номадско племе, туку од заедница која имала силна владетелска структура и познавање на одредени технологии“, смета Гонен и додава дека „културата на народите кои граделе долмени сѐ уште е мистерија за израелските археолози.“
Долмените ососбено често биле градени во периодот на неолитот, бакарното и бронзеното време, во крајбрежните области на северозападна и западна Европа – во Португалија, Франција, Германија, Велика Британија и Ирска.