Во однос на минатата година бројот на стогодишни луѓе во Јапонија нараснал за 3% и изнесува рекордни 69,785% од што 90 отсто од нив се жени.
Според податоците од Министерството за здравство, труд и социјална заштита, зголемувањето се евидентира 48 години по ред. Информацијата е објавена три дена пред прославата на државниот празник, Денот на почитувањето на постарите лица.
Во 1963 година, во Јапонија живееле само 153 стогодишници – стои во соопштението на Министерството. Бројот во 1981 година, нараснал на 1000, на 10 000 во 1998 година, за во 2012 година да стигне до 50 000 лица кои веќе го прославиле својот стоти роденден.
Во Јапонија живее најстариот човек на светот, Кане Танака, која наполни 115 години. Родена е во југо-западниот град Фукуоки, на 2 јануари 1903 година.
Во април, оваа година, во Гинисовата книга на рекорди, како најстар човек на светот е запишан Масазо Нонака (113), кој живее во Хокаидо.
Јапонија се соочува со сè поголем демографски товар, бидејќи децениското живеење продолжува, а стапката на наталитет паѓа.
Според податоците на Државниот институт за истражување на растот на популацијата и безбедноста на населението, жителите постари од 65 години во 2060 година ќе го сочинуваат околу 38,1 проценти од вкупното население, во споредба со податоците за 2015 година, кога процентот бил 26,6.