Во килибар пронајдени жаби стари 99 милиони години

Во југоисточна Азија во неколку парчиња килибар беа пронајдени најстарите фосили од жаби. Станува збор за остатоци стари 99 милиони години кои се најстариот директен доказ за постоењето на жаби во тропските краеви.

Претходно пронајдените фосили од жаби датираат од пред 40 милиони години (откриени на Карибите) и пред 25 милиони години (откриени во Мексико).

„Вакви фосили од тој временски период кои се волку сочувани се исклучително ретки“, вели Дејвид Блекбурн од Природнонаучниот музеј на Флорида.

Поддржете ја нашата работа: