Во Кина пронајдени јајца од диносауруси стари 80 милиони години

СПОДЕЛИ

Фосилизирани јајца на диносауруси стари 80 милиони години се пронајдени во кинеската провинција Џеѓанг.

Официјалниот билтен на Комунистичката партија на Кина “Global Times” објави дека археолозите пронашле вкупно 15 фосили на местото Гуанјинтанг во близина на градот Јиву.

Истиот извор јавува дека неколку јајца биле најдени поединечно, а некои во групи.

Сите фосилизирани јајца кои се ископани се доставени на понатамошни анализи кај експертски тим во Градскиот музеј на Јиву.

Претставникот на музејот Жеџианг и историчар Ду Тианминг изјави дека прелиминарните анализи откриваат дека станува збор за фосили кои се стари 80 милиони години.

„Ова е едно многу ретко археолошко откритие што е од големо значење за идните научни и истражувачки проекти“, вели Ду.

На истиот археолошки парк во селото Гуњантинг и претходно биле најдени траги од диносауруси. Најстарите фосили од овие изумрени животни се пронајдени во провинцијата Хебеј,и истите се стари 130 милиони години.

 

 

 

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ