Во кои држави најмалку се работи?

Седум од десетте земји со највисок Бруто домашен производ (БДП) во светот се наоѓаат и на листата на десетте држави со најмалку работни часови во годината, покажува анализата на организацијата „Експерт маркет“, според податоците на Организацијата за економска соработка и развој.

Десетте најпродуктивни земји во светот, според разликата на БДП и работните часови се следни:

Луксембург: 1643 работни часови годишно – 45,71 фунти продуктивност по час.

Норвешка: 1427 работни часови годишно – 36,36 фунти продуктивност по час.

Австралија: 1664 работни часови годишно – 29,81 фунти продуктивност по час.

Швајцарија: 1568 работни часови годишно – 28,35 фунти продуктивност по час.

Холандија: 1425 работни часови годишно – 28,35 фунти продуктивност по час.

Германија: 1371 работни часови годишно – 25,95 фунти продуктивност по час.

Данска: 1436 работни часови годишно – 24,14 фунти продуктивност по час.

САД: 1789 работни часови годишно – 23,66 фунти продуктивност по час.

Ирска: 1821 работни часови годишно – 23,12 фунти продуктивност по час.

Шведска: 1609 работни часови годишно – 22,58 фунти продуктивност по час.

Исто така, според „Индексот на благосостојба“ (среќа), Луксембург се најде на 16 место во однос на животниот век и благосостојба на жителите. Норвешка го доби второто место, додека Австралија е дванаесетта.

Преземено од „Радио Моф“.

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.