Во околината на Струмица откриена неолитска населба стара 7500 години

Струмичките археолози во непосредна близина на населеното место Костурино, по двoмесечни истражувања открија неолитска населба стара 7.500 години. Населбата е откриена на локалитетот „Орниче“ каде се пронајдени остатоци од живеалишта, керамика и орудија што укажува дека во овој дел на Струмичко имало живот и во праисторијата.

Археологот Зоран Рујак вели дека станува збор за остатоци на живеалишта и предмети од периодот на средниот неолит, пред околу 75000 години.

Како што се наведува, пронајдени се и објекти за религиозни активности кои припаѓаат на населението од оваа неолитска населба, меѓу кои се наоѓа и редот примерок на олтар.

“Тоа укажува дека оваа земјоделско – сточарска заедница е една од најинтересните во Македонија. Важно е да се каже дека прелиминарните резултати покажуваат дека оваа локација е поврзана со текот на реката Струма”, вели Рујак.

Од струмичкиот музеј велат дека освен материјални средства за комплетирање на сите археолошки локалитети, се потребни  нови простории бидејки депоата се веќе полни со артефакти и нема место за нови.

 

Поддржете ја нашата работа: