Во панкреасот окриени нов тип на клети за продукција на инсулин

Кај луѓето што страдаат од дијабет тип 1 доаѓа до изумирање на бета – клетките од Лангерхансовите островца во панкреасот кои лачат инсулин.Без овие клетки телото ја губи способноста да го регулира нивото на шеќер во крвта.

Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија, Дејвис откриле можен нов пат за регенерација на бета-клетките, што дава нов увид во основните  механзами што се одвиваат при здрава состојба и при дијабет. Ваквото истражување со време би можело да доведе до подобар третман на оваа состојба.

„Постои голем напредок во менаџирањето на дијабетот, но тој не може да се излечи. Ако сакаме да ја излечиме оваа болест треба да разбереме како функционира во нормални услови“вели професорот по невробиологија и физиологија Марк Хусинг.

Научниците вршеле проучување на кој начин клетките во Лангерхансовите островца во панкреасот функционираат заедно во регулирањето на шеќерот во крвта, кај лабораториски глувци и на човечко ткиво. И кај глувците и кај човекот островцата содржаат бета-клетки кои го детектираат шеќерот и лачат инсулин, како и други типови на клетки, меѓу кои и алфа клетките кои лачат глукагон, хомон кој го подига нивото на шеќерот во крвта. Овие спротивни ефекти на инсулинот и глукагонот му овозможуваат на телото да го регулира шеќерот во крвта и да ги складира хранливите материи.

Дијабетот тип 1 е болест со два дела. Прво, бета клетките се уништуваат од  страна на имунолошкиот систем на телото, а потоа  тие не успеваат да се регенерираат. Ефикасниот третман  за дијабеттип 1 би требало да вклучи решавање на двата проблеми.

Прифатена догма, вели Хусинг е дека нови бета-клетки се создаваат преку делба на другите бета-клетки. Но со примена на нова микроскопска техника Хуисинг и неговиот тим откриле уште еден тип на клетки, распоредени околу рабовите на островцата, кои многу наликуваат на незрели бета-клетки.

Овие нови клетки можат да продуцираат инсулин, но немаат  рецептори за детекција на шеќерот, па затоа не можат да функционираат како целосни бета-клетки. Сепак, научниците успеале да забележат претворање алфа клетки во стровцата во незрели бета-клетки, кои потоа созреваат во вистински бета-клетки.

„Овој систем е мнгу попластичен отколку што мислевме. Овие наоди се возбудливи од три причини“– вели Хусинг.

„Прво, ова е нова популација од бета-клетки и кај луѓето и кај глувците кои порано беа непознати. Второ, новите клетки би можеле да претставуваат извор за надополнување на бета-клетките кои се уништуваат кај дијабетот. Конечно, разбирањето на кој начин овие клетки созреваат во функционални бета-клетки може да помогне во развојот на терапии со матични клетки за дијабет. Матичните клетки имаат потенцијал да се развијат во различни видови на клетки. Досега е постигнат голем успех во обидите да се создадат вистински бета-клетки од матични клетки, но овие напори сѐ уште не го достигнале својот целосен потенцијал“.

Ова основно познавање на клетките во островцата може исто така да помогне во сфаќањето на дијабет тип 2, каде бета-клетките не се уништуваат, туку стануваат неактивни и престануваат да лачат инсулин.

Поддржете ја нашата работа: