Сопственикот на еден популарен ресторан во центарот на Шангај, „вработил“ роботи како келнери кои ги послужуваат гостите.
Во ресторанот всушност има два „вида“ роботи, едни кои ги пречекуваат гостите, а други кои се движат во ресторанот и ги послужуваат.
Покрај тоа што примаат нарачки и ја служат храната, роботите се и голема атракција и привлекуваат сѐ поголем број на луѓе.
„Јас сум малиот Јуанјуан. Работам. Ве молам направете место, благодарам“ – вака им се обраќа еден од роботите на посетителите во ресторанот.
Сопственикот тврди дека роботите се всушност добра инвестиција, бидејќи чинат само 29 долари годишно и тоа за полнење на батериите.
Погледнете го видеото
Поддржете ја нашата работа: