На Земјата е во тек биолошко уништување на животински видови за кое во последната деценија е виновно глобалното уништување на животната средина предизвикано од човечка активност, се наведува во новата научна студија објавена во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences (PNAS), во која се потврдува тезата за шесттото масовно изумирање на видовите во историјата.
“Овој процес е многу посериозен отколку што се мислеше претходно”, предупредуваат авторите. “Во последните неколку децении, загубата на живеалиштата, пренаселеноста, инвазивните организми, загадувањето, токсичноста, а во поново време, ненадејни и чести промени на климата и интеракцијата на сите овие фактори доведе до катастрофален пад на бројот на единки од популацијата на обични и ретки видови”, се вели во студијата.
Во последните 500 милиони години, имаше пет масовни изумирања на Земјата при што се исчезнати 75 отсто од видовите.
Последен пат тоа се случи пред 66 милиони години кога 76 отсто од сите видови исчезнале, вклучувајќи ги и диносаурусите поради вулканска активност, климатски промени и удари од астероиди.
Студијата е спроведена од страна на научници од Универзитетот Стенфорд и Националниот автономен Универзитет од Мексико. Таа опфаќа 27.600 копнени ‘рбетници и детална анализа на 177 видови цицачи изложени на изумирање помеѓу 1990та и 2015та година. Покажала висок степен на опаѓање на популацијата во групата на ‘рбетници.
Од 27.600 видови кои опфаќаат речиси половина од познатите ‘рбетници, една третина од нив или 8851 од поединците е во опаѓање, но и по географскиот простор, иако тие видови не се сметаат за загрозени.
Во групата од 177 цицачи опфатени во студијата, сите изгубиле по повеќе од 30 отсто од живеалиштата, а кај повеќе од 40% од нив популацијата е намалена за повеќе од 80%.
“Неколку видови на цицачи кои се сметале за релативно безбедни пред една или две децении сега се ранливи”, се вели во студијата.
“Сите индикатори покажуваат дека следи уште посилен напад врз биолошката разновидност во следната деценија и пред нас е мрачната слика за иднина на животот, вклучувајќи го и човечкиот род”, заклучува студијата.