Во внатрешноста на изгубениот свет на мистериозните тепуи планини во Амазонија

И покрај извонредно прецизните техники за мапирање кои ги имаме денес, и желбата да видиме што сѐ има на Земјата, поради лошата клима и непристапниот терен, големи  области сѐ уште се недоволно истражени и отсечени од цивилизацијата.

Таков е случајот и со амазонските тепуи планини, за кои истражувачите конечно успеаа да најдат начин како да влезат во внатрешноста на нивните неверојатни шуми и пештери.

Тепуи претставуваат планини кои на врвот имаат рамнина –плато. Многу тешко се пристапни поради вертикалните карпи кои ги опкружуваат, понекогаш и со височина од 3.000 метри. На врвот и во длабочините на нивните пештери еволуирале изолирани бујни живеалишта, кои претставуват главна цел за истражување.

tepui-venezuela-1[4]Една од најизразените тупаи е амазонската планина Рораима. Овде се одвива и дејството во романот „Изгубениот свет“ од сер Артур Конан Дојл, каде што Рораима претставува живеалиште на едно племе луѓе-мајмуни и неколку видови живи диносауруси. Денешните авантуристи не наишле на диносауруси или луѓе-мајмуни (сѐ уште), но нивните откритија сепак се фасцинантни.

Спелеологот Франческо Сауро од Универзитетот во Болоња, Италија, сега предводи нова експедиција, откако неодамна го заврши 40-дневното истражување на Имамари Јеута тепуи во Венецуела, каде што има над 22 километри пештери и тунели.

Целосните резултати од ова истражување нема да бидат објавени до ноември, но „New Scientist“ објави некои од првичните наоди.

tepuisСамиот Сауро ги опишува овие пештери како „еден потполно поинаков свет“ и како „острови во времето“. Двете планински средини можно е да се разивале различно, бидејќи еволуирале во изолирани услови, што значи дека експертите не се сигурни што да очекуваат сѐ додека не стигнат таму.

Бидејќи не постојат детални мапи на областа, истражувачите мора да се потпираат на сателитските снимки со висока резолуција и извиднички мисии при кои најветувачките локации се однапред истражени.

tpi2014a-alessio-romeo-cueva-de-larco-6421-1200x800Во внатрешноста на кварцитните пештери – за кои веројатно биле потребни десетици милиони години за да се формираат, експертите очекуваат да откријат минерали и уникатни видови на животни кои досега не биле видени. Пештерите се исполнети со сталактити и саталагмити со необични форми, издлабени од колонии од микроорганизми, а Сауро и неговите колеги се надеваат дека конечно ќе успеат да откријат како тие се формирале.

inside-cavvveИстражувачите на Амазонија се надеваат дека ќе откријат повеќе за тоа како опстојувал и еволуирал животот во овие мистериозни средини, а веќе се планираат и други патувања. Во првичните анализи на податоците од Венецуела, откриени се досега некласифицирани видови на барктерии, иако ќе мора да се почека целосниот извештај за да се види колку ова ќе и користи на науката.

Поддржете ја нашата работа: